Поезија: Зракот

Поезија: Зракот

Пратено од: Симона Нечковска

Поезија: Зракот

Нејасен зрак кој продира во најраните утрински часови,

те повикува како во далечен недопирлив сон, и трча пред тебе,

а ти неосетно почнуваш да го следиш…

Како примамена од опојност, и некоја длабока миризба,

од која не можеш да се дозаситиш,

и во тој момент, се крие зад првото свртување, исчезнува…

А ти забрзуваш, се плашиш да не изгубиш трага,

трчаш, нозете се испреплетуваат една од друга, паѓаш,

и лежиш некоја минута, дозволуваш да потонеш…

Од една страна се вовлекуваш во корењата на дното,

и се опушташ, се предаваш,

од друга страна те држат рацете на бесконечноста

пред тебе, таму горе, во најубавата тишина…

Затвораш очи за да се сетиш пак…

на она што те примамува да потонеш во сон,

и истото кое повикува кон будење,

и кое те тера да дишеш,

да ја слушаш сопствената тензија,

да ја голташ сопствената возбуденост,

да ја бараш повторно причината…

во секоја клетка која била помилувана,

зашто остана допрена,

од неговите раце…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар