Поезија: Потрага по тебе

Автор: Кристина

Поезија: Потрага по тебе

Кога стварноста ми е ќорсокак
се виткам во спомени
и ти доаѓам со мислите
со парче минато во грстот
да те прашам дали сме истите.
Да ми го покажеш мостот на лагата
да ми дадеш билет кон стварноста
да ја ставиш во куфер тагата
забиберена и замедена, кристализирана.
Сепак ќе фатам воз кон бајките
ќе се смешам во приказна за добра ноќ
во потрага по смислата на смислата
да потонам во маратонот кон среќата
да го осетам среќниот крај
што трагично завршува
да развеам колоритно знаменце
за сонот што ме опседнува
душа што ми возвишува.
Подај ми рака и не земај ме
одглуми слабост и остани
пушти ме да те заврзам за себе
ќе береме желби
на цветни јоргани послани.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар