По одот, откријте која жена ужива во сексот

Оргазмот опушта разни мускули, го подига нивото на менталното здравје и ослободува од стрес. Студија спроведена во Белгија, покажала дека начинот на којшто жената оди, покажува дали е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот.

По чекорењето, откријте која жена ужива во сексот

После сексуалниот однос, луѓето се многу полетни. Жените кои редовно доживуваат вагинален оргазам ги нишаат колковите додека чекорат, покажало истражувањето. Овие жени се движат поживо, пофлексибилно, чекорот им е подолг и подобра им е подвижноста на карлицата.

„Дури и обичен набљудувач, може да воочи дека некоја жена имала вагинален оргазам, според тоа колку одот ѝ е енергичен, опуштен и слободен. Според тоа можете да заклучите колку е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот“ – тврдат истражувачите од белгискиот универзитет.

Истражувањето опфатило здрави и сексуално активни жени, од кои половина во минатото доживувале честопати оргазми, а останатите жени доживувале ретко или скоро никогаш.

Сексолозите со 80-процентна прецизност погодувале кои жени повеќе пати биле задоволувани во кревет.

Разликата во одот била забележана само кај жените кои доживеале вагинални, но не и клиторални оргазми.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар