Пловејќи кон среќата

Замислете на момент како живеете сами на мало место кое никогаш не би можеле да го напуштите бидејќи е постојано во движење. Како би се чувствувале? „Adrift“ е краток анимиран филм од Бен Кејси, Мет Смарт и Бен Клаб од Универзитетот Хертфордшајр кој ја опфаќа токму оваа тема.

Пловејќи кон среќата

Приказната е за осамено девојче кое живее на грбот на кит кој лета. Бидејќи тој се движи високо на небото, таа нема можност да го смени своето место на живеење. Нејзината најголема желба е да пронајде некој кој ќе ѝ помогне да ја победи својата осаменост. И токму тогаш кога најмалку очекува, нејзината среќа наеднаш се променува…

Пловејќи кон среќата

Ова интересно видео нè потсетува дека никогаш не знаеме што нè чека зад следниот агол. Поради тоа не треба да се откажувате од своите желби и сонови и секогаш бидете упорни при остварувањето на своите цели.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар