Пивопијски мудрости

Отворете го вашето омилено пиво и почнете со читање. П.С. Дозволен е и друг вид алкохол. :)

Пивопијски мудрости

„Во виното има мудрост, во пивото сила, во водата бактерии.“ – германска поговорка

„Оној што пие пиво, спие добро, тој што е добро наспан, не може да згреши, а тој што не греши, оди во рајот. Амин.“ – непознат германски свештеник

„Реалноста е илузија предизвикана од недостаток на алкохол.“ – Н. Ф. Симпсон

„Кога читав за лошите последици од алкохолот, одлучив да се откажам од… читањето.“ – Хенри Јангмен

„Овците блеат кога се жедни, а луѓето кога се пијани.“ – афоризам

„Алкохолот е нашиот најголем непријател, но само кукавиците бегаат од непријателот.“ – афоризам

„Алкохолот не ги решава проблемите, но не ги решава ни млекото.“ – непознат автор

„Најмногу може да испие најнеискусниот пивопиец.“

„Подобро стомак од пиво, отколку грпка од работа.“

„Ако во зборот СТРАСТ, замените четири букви, а две отфлите, ќе го добиете зборот ПИВО.“ – афоризам

Пивопијски мудрости

„Некои пијат од радост, некои од тага, а некои од сабајле.“ – руска поговорка

„Пијанството има три добри особини: нè прави богати без пари, јаки без сила и паметни без разум.“ – австриска поговорка

„На пијаниот, морето му е до коленици, а вирот до уши.“ – руска поговорка

„Лагата е како алкохолизмот, постојано влетувате во неа.“

„Најлошо пиво е последното.“ – анонимен автор

„Во пивото има многу малку витамини, затоа мора да испиете многу.“ – анонимен автор

„На седмо небо е кога ќе испие десет пива.“ – Стивен Ликок

„Подобро пиво во желудникот, отколку вода во белите дробови.“ – Јара Цимерман

„Првото пиво носи здравје, второто задоволство, третото срам, а четвртото лудило.“ – Сер Волтер Рајли, англиски поет и истражувач

„Дајте му на народот квалитетно и евтино пиво во доволни количини, и никогаш нема да има револуција.“ – Викторија, англиска кралица

Пивопијски мудрости

„Постојат две причини за пиење: кога сте жедни за да ја изгасите жедта, и кога не сте, тоа да го сторите превентивно.“ – Томас Лав Пикок, англиски хуморист

„Татко ми е најголем пијаница во градот. Во најголемиот број случаи тоа и не е толку лошо, но кога живееш во Њујорк…“ – Хенри Јангмен

„Алкохоличар е оној што не го сакаш, а може да испие повеќе од тебе.“ – Дилан Томас

„Подобро мало пиво, отколку големо благодарам.“ – афоризам

„Подобро мртов пијан, отколку мртов трезен.“ – афоризам

„Кога ќе се случи нешто лошо, пиеш да го заборавиш. Кога ќе се случи нешто добро, пиеш за да го прославиш. Ако пак, ништо не се случува, пиеш за да се случи.“ – Чарлс Буковски

„Ферментацијата и цивилизацијата се неразделни.“ – Џон Чиарди

„Шест пива прават еден оброк, затоа нарачај седум. Мора нешто и да се напиеш.“ – германска поговорка

„Девојка ми бараше да престанам да пијам. Ми недостасува.“ – анонимен автор

„Пивото им помага на грдите луѓе да имаат секс, уште од 300 п.н.е.“ – В. К. Филдс

„Пријателството склопено со чашка, најчесто е стаклено.“ – латинска поговорка

Пивопијски мудрости

„Клаустрофобија е страв од затворена просторија. На пример, тргнуваш во кафана и страв ти е дека е затворена.“ – анонимен

„Млекото е за деца. Кога ќе пораснеш, треба да пиеш пиво.“ – Арнолд Шварценегер

„Врв на мрзеливоста е кога пивопиецот го пие пивото на екс, само за да не мора два пати да ја крева криглата.“ – афоризам

„Културата е само шминка, која брзо се раствора во алкохол.“

„И доброто пиво прави лоши луѓе.“ – холандска поговорка

„Кај што владее пијанството, нема никакви тајни.“ – латинска поговорка

„На светот има повеќе стари пијаници, отколку стари лекари.“ – анонимен

„Жедта е полоша и од носталгијата.“ – напис  во пивница во Минхен

„Пијам за да ги потопам сите свои проблеми. Но, проклетите знаат добро да пливаат.“ – графит

„Мислам дека јас повеќе извлеков од алкохолот, отколку алкохолот од мене.“ – Винстон Черчил

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. мики Reply

    Од тоа ”На здравје” здравје немаме

Остави коментар