Писмо од една мајка кое ќе ве допре во срцето: Сине, ти нема да се сеќаваш...

Писмо од една мајка кое ќе ве допре во срцето: Сине, ти нема да се сеќаваш…

Џесика Димас, позната писателка, напишала едно трогателно писмо до нејзиниот син, од кое на секоја мајка ќе ѝ се насолзат очите. Го пренесуваме во целост.

pismo-od-edna-majka-koe-kje-ve-dopre-vo-srceto-sine-ti-nema-da-se-sekjavash-kafepauza.mk

„Драг сине,

Ти нема да се сеќаваш на онаа ноќ кога лежев сама во болницата, во најстрашните и истовремено најубавите болки, кога гледав во месечината и тивко ти шепнав тебе и себеси: ‘Можеме да го направиме ова!’

Ти нема да се сеќаваш како ме погледна само неколку секунди откако дојде на овој свет, како ни на моментот додека те припивав кон своите гради и на уво ти шепнав ‘Еј злато’.

Нема да се сеќаваш на моментот, кога како со магично стапче, го излечи мојот скршен дух, ми го исцели срцето и во целост го исполни мојот живот. Бев премногу скршена пред да се родиш, а ти повторно ме состави.

Нема да се сеќаваш како секогаш те гледав со гордост, каде и да одиме. Секогаш беше најубавото момче во просторијата. Секогаш и секаде.

Нема да се сеќаваш како твоите глупости секогаш ме засмеваа, но уште додека беше бебе сфатив дека имаш прекрасно срце.

Нема да се сеќаваш како те чешлав и ти ја тргав косата од челото и твојот поглед во тие моменти. Без ниеден збор, нашите души се допираа и го кажуваа она што сите зборови на овој свет ни би можеле да го кажат.

Нема да се сеќаваш ни на бескрајната игра со скокоткање која најмногу ја сакавме, ни тоа дека секогаш мамев само за да те задржам што поблизу до себе и да го прекривам твоето лице со бакнежи.

Нема да се сеќаваш на сите оние ноќи кога одев на спиење во страв. Страв од мајчинството. Дали сум доволно добра?Дали веќе имам оплескано безброј пати? Можам ли воопшто да бидам мајка каква што заслужуваш?

Нема да се сеќаваш како моето срце секогаш се распаѓаше и составуваше со секоја твоја важна пресвртница во развојот. Гледајќи како песокот тече низ песочниот часовник, бев среќна кога видов дека растеш и се развиваш.

Нема да се сеќаваш како ги држев твоите мали стапалца во раце и замислував дека еден ден ќе пораснат и ќе станат поголеми од моите и дека ќе морам да ги пуштам да одат.

Ти нема да се сеќаваш, но јас да.

Ќе ги чувам тие спомени во срцето доволно силно за обајцата!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар