Писмо до сите оние на кои им недостига некој за време на празниците

Празниците, покрај сѐ, подразбираат и време поминато со семејството и најблиските. Но, за жал, животот не е секогаш онаков каков што посакуваме, па понекогаш ни ги одзема највредните работи. Иако се навикнуваат, оние кои имаат изгубено некои блиски личности, секогаш се потсетуваат на нив, особено во празничната сезона. Прочитајте го ова писмо што брзо се прошири на Интернет, наменето за сите оние кои чувствуваат некаков вид празнина за време на овие празници.

Писмо до сите оние на кои им недостига некој за време на празниците

Драги личности кои чувствувате дека некој ви недостига за време на овие празници,

Кога помислувам на празниците, мислам на ладното време, подароците, класичните филмови, средбите со пријателите и семејството, јадењето на омилената храна и уште многу други забавни работи. Но, тоа не е секогаш така. Понекогаш празниците може да бидат тажни затоа што некој кој ви е потребен, не е до вас. Без разлика дали таа личност не е со вас затоа што не може да пристигне, повеќе не е меѓу живите или не е дел од вашиот живот од друга причина и без разлика дали ова е прва година без таа личност или десетта, овие моменти може да бидат многу тешки, и сосема во ред е да ви недостигаат оние кои ги сакате. Ако некои личности не биле во можност да бидат со вас за време на празниците, јавете им се и кажете им колку ви недостигаат. Но, не дозволувајте овие моменти да ви бидат уништени, туку препуштете се на уживање заедно со оние кои веќе ги имате покрај себе.

Ова ќе биде мојот осми Божиќ без мојот татко и шести без моите баба и дедо. Иако со текот на годините се навикнувам, сепак, тоа не поминува незабележано. Но, мораме да бидеме позитивни. Така, јас помислувам на сѐ она што го имам: Мајка ми, брат ми, моето пошироко семејство, затоа што со нив заедно ги поминуваме тешкотиите. Тешко е да останете позитивни кога ќе изгубите некој близок, но најверојатно тие не би сакале да ве гледаат тажни, туку би сакале да уживате во празничната сезона.

Ако не сте доживеале ваков вид загуба и ако некој едноставно го напуштил вашиот живот, како што се стари пријатели или претходни љубовни партнери, сосема е нормално и тие да ви недостигаат. Убаво е да се потсетите на нив и да им ги честитате празниците, но треба да се сетите дека тие со причина не се повеќе дел од вашиот живот. Запаметете дека не секоја личност е предодредена да биде во секоја глава од вашиот живот, а некои не заслужуваат да бидат на крајот од вашата приказна. Иако ова е тешка вистина, тоа е нешто што морате да го прифатите.

Треба да запаметите дека празниците не се период кога треба да се чувствувате тажно и непријатно, туку тие треба да направат да се чувствувате топло, удобно и сакано. Кога ќе ја пронајдете среќата, не борете се со неа. Сосема е во ред да бидете среќни, дури и ако вашите сакани не се до вас. Нормално е да ви недостигаат луѓето, но морате да продолжите со животот. Затоа, признајте ги своите чувства и дозволете си да бидете позитивни, па уживајте во празничната сезона колку што можете повеќе.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар