Пингвини на туширање

Фокландските Острови не се многу далеку од Антарктикот и се пријатно место за живеење на пингвините. Не се цела година под снег, па кога ним ќе им стане премногу топло тие мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат за да се разладат. Кога Браќата Вил и Мет Барард – Лукас, фотографи од Лондон, ги посетиле островите останале изненадени од нивниот нов метод – туширање со студена вода од растопениот снег.

Пингвини на туширање

Тие отпатувале до островите за да фотографираат албатроси, но оваа интересна глетка го освоила целото нивно внимание.

„Пингвините беа неверојатно слатки. Беше прекрасно да се набљудуваат, изгледаше како навистина да уживаат. Често се препираа за најдобрата позиција за туширање. Можевме цело време да ги гледаме пингвините како се забавуваат под водата,“ вели Вил.

Пингвини на туширање Пингвини на туширање Пингвини на туширање

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар