Пијалак наменет за астронаутите од НАСА може да ве подмлади?

Антиоксидантен џус кој може да го врати времето за брчките, темните точки и сите останати влијанија на годините? Според истражувачите од Универзитетот во Јута, оваа „фонтана на младоста“ можеби и не е само научна фантастика.Пијалак наменет за астронаутите од НАСА може да ве подмлади?Пијалакот наречен АС10, бил направен за да се бори против штетните ефекти на сончевите зраци врз астронаутите кои патувале надвор од заштитното поле на атмосферата на Земјата. Според „New York Daily News“, АС10 бил тестиран врз 180 возрасни со „оштетена“ кожа и покажал одлични резултати. По 4-месечна конзумација, 2 пати дневно, темните точки биле намалени за 30%, а брчките за 17%. Била направена и дигитална анализа на кожата која ги потврдила резултатите.

Радијациските честички ги менуваат молекулите на кислород во телото така што создаваат „слободни радикали,“ нестабилни електрони кои ги напаѓаат клетките и кои можат да го забрзаат процесот на стареење.

„Замислете ги како мали Пакмани кои ги јадат молекулите кои им се потребни на клетките да функционираат,“ вели д-р Арон Барсон, кој работел на оваа студија.

АС10 содржи високи нивоа на слободни радикали кои изобилуваат со антиоксиданти (тие можат да се сретнат и кај одредени овошја, зелен чај и некои видови какао) кои се борат против честичките што предизвикуваат стареење на кожата. Барсон вели дека планира да направи поширока студија ова лето.

„Ефектите од оксидантниот стрес на кожата би можеле многу брзо и лесно да бидат модифицирани така што кожата сама би се излечила со помош на овој пијалак.“

Но, кој би бил најголемиот недостаток на овој вселенски пијалак? Цената… На месечно ниво би чинела преку 100 долари. Дали вие би прифатиле ваква понуда?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар