Petals Around the Rose: Играта во форма на загатка која го полуди целиот свет

Името на оваа игра е „Petals Around the Rose“. Имајте го тоа на ум бидејќи е многу важно. Компјутерот ќе ви фрли 5 коцки и ќе побара од вас да го погодите резултатот. Тој секогаш е или 0 или парен број. Вашата мисија е да откриете како компјутерот го добива резултатот и да станете Владетели на Ружата.

1-petals-around-the-rose-играта-во-форма-на-загатка-која-го-www.kafepauza.mk_

Инструкции:

Кликнете на „Roll Dice“ за да започнете со играта. Напишете го вашиот одговор и потоа кликнете на „Accept Guess“ за да ги добиете резултатите. Доколку погрешите, обидете се повторно. И уште еднаш да ве потсетиме да не го заборавите името на оваа игра, бидејќи тоа е клучно за резултатот. Со среќа!

(2) Petals Around the Rose: Играта во форма на загатка која го полуди целиот свет

Нешто повеќе за играта:

Дали „Petals Around the Rose“ е навистина игра? Па, таа всушност може подобро да биде објаснета како загатка или предизвик. Доколку успеете да ги откриете тајните, вие станувате Владетели на Ружата и се квалификувате да станете член на Братството на Ружата. Но, откако ќе станете дел од ова здружение мора да се заколнете дека ќе бидете злобни и без срце и никогаш да не ја откриете тајната на никој друг. Само оние кои можат самите да ја откријат се достојни да ја знаат.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар