Пештера која ќе ве доближи до ѕвездите

Автор: Петар Тодоровски

Пештерскиот систем Ваитомо е уште една од низата спектакуларни природни убавини кои на Нов Зеланд му даваат углед на една од најубавите земји на планетата. Ова пештера е позната по ефектот на ѕвездено небо, кој е предизвикан благодарение на светкавите ларви зелепени на нејзините ѕидови, што на посетителите им дава чувство како да се блиску до Млечниот пат, а не во длабочините на земјата.Пештера која ќе ве доближи до ѕвездитеУникатниот ефект е резултат на големиот број црви и други инсекти кои висат на ѕидовите на пештерата. Кај нив, додека се во фаза на ларва, се случува одредена хемиска реакција која резултира со емитување на светлина од нивните опашки.Пештера која ќе ве доближи до ѕвездитеПештера која ќе ве доближи до ѕвездитеОва е карактеристично за две пештери од големиот систем, Арануи и Руакури. Покрај декорот од необичниот жив свет, тие се украсени со сталактити, сталагмити, фосили од корали, школки, риби и други формации создадени во последните 30 милиони години, колку што постои овој систем.Пештера која ќе ве доближи до ѕвездитеПештера која ќе ве доближи до ѕвездитеПосетителите можат да нурнат во несекојдневниот амбиент преку организирани тури, а властите во Нов Зеланд добро се погрижиле за тоа да им биде лесно достапно. Турата има три дела, а започнува на врвот на пештерата во т.н. катакомби. Потоа следува вториот дел наречен „Сала за банкети“, каде што посетителите можат да купат храна, пред да го доживеат највозбудливиот дел, катедралата и турата со чамец по подземната река.Пештера која ќе ве доближи до ѕвездитеПештера која ќе ве доближи до ѕвездитеПештера која ќе ве доближи до ѕвездитеПештера која ќе ве доближи до ѕвездите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Јасничка Reply

    кога го прочитав насловот мислев дека е нешто романтично, дури си помислив како на дечко ми не му текне да ме однесе на вакво место:)…ама кога ги видов сликите се подисплашив, малку ми е морничаво

  2. Tea Reply

    Jas ovde bev pred 8 gooodini!
    Navistina e prekrasno..

  3. Мони Reply

    Прекрасно :)

Остави коментар