Пекинезер подготвен за Холивуд

Автор: Весна Јовановска

Жу-Жу е пекинезер, кој исправен на задните нозе, се движи наназад по речиси два километри на ден. Ова умно милениче на кинезот Ху Ксианвеј од Хандан ужива на ваков начин да ги импресионира минувачите, пред кои се поклонува кога ќе го погледнат и пофалат.Пекинезер подготвен за ХоливудДодека се движи наназад, повремено ја врти главата за да провери дали нешто му го попречува патот. Четиригодишното куче Жу-Жу е и одличен актер. Кога неговиот сопственик ќе ја исправи раката кон него како да му вперува пиштол, овој неверојатен пекинезер се вкочанува, а кога ќе слушне „бенг“ паѓа на подот и глуми дека е мртов.

За да ги научи триковите, на Жу-Жу не му биле потребни повеќе од два дена. Ги изведува без да очекува некаква награда од сопственикот или минувачите. Едноставно ужива да се фали со своите вештини.

Ху е среќен кога зборува за талентот на Жу-Жу, но тврди дека никогаш не би се осмелил да извлече некаква корист од тоа или пак да го продаде.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар