Пат околу светот со велосипед

Пат околу светот со велосипед

Фотографот Роб Лутер, во 2011 година, од Лондон тргна на амбициозно патување околу светот со велосипед. Тој се надева дека ќе успее да помине 40.000 километри. Неговата цел не е само да направи одлични фотографии и да пронајде инспирација од дестинациите и луѓето кои ќе ги сретнува, туку да доживее неверојатни искуства и да ги шири приказните околу светот.Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипедСвојот личен проект тој го нарекол „The Lifecycle“, а за својата цел не поставил точно определена временска рамка. При своите патувања досега, тој организирал хуманитарни акции за подигнување на свеста за светската криза со вода и одредени ментални заболувања. Бидејќи и самиот пати од опсесивно-компулсивно нарушување, на патувањето се обидувал да го сподели своето знаење на оваа тема, и се обидувал да го надмине овој проблем.Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипедТој моментално се наоѓа во Хонгконг, 15.000 километри од својата појдовна точка и после 18 месеци возење велосипед низ Европа и Азија. Досега сам го финансирал својот проект, но сега бара мала помош преку сервисот Kickstarter. Сумата која му е потребна изнесува 5.750 фунти и веќе е надмината. Тој ветува подароци за луѓето кои ќе донираат, а помеѓу подароците е и велосипедот со кој досега патувал. Секако, велосипедот ќе биде доделен откако ќе го заврши своето патување.Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед Пат околу светот со велосипед



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар