Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

На секој во светот му треба пасош за да патува ширум светот, дури и на познатите ѕвезди. Кога нè фотографираат за пасош, сите за момент се сомневаме дека доколку испаднеме лошо, „страшната“ фотографија ќе нè прогонува во наредните 5-10 години. Оваа неверојатна колекција содржи документација од историски познатите луѓе од 20-от век. За некое чудо, овие познати личности биле прилично фотогенични, дури и на нивните смешни патни исправи.

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Алберт Ајнштајн

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Одри Хепберн

Во комбинација со потпис и печат со датумот на издавање, овие фотографии се неверојатна илустрација на историјата пред нашите очи. Освен тоа што станува збор за познатите личности, исто така е интересно и да се споредат пасошите во однос на нивниот дизајн, боја на хартија и позиција на фотографијата. Интересно е тоа што ваква универзална исправа, може да биде толку многу различна во различни земји низ светот и низ декадите.

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Ела Фицџералд

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Мерлин Монро

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Џенис Џоплин

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Волт Дизни

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Рој Орбисон

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Мохамед Али

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Џони Кеш

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Нелсон Мандела

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Кетрин Хепберн

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Вирџинија Вулф

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Рене Магрит

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Џон и Жаклина Кенеди

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Џон Ленон

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Френсис Скот Фицџералд

Пасоши кои им припаѓале на познатите личности од минатото

Џејмс Џојс

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Andrea Reply

    Copy paste od Divianarts.com

    • Кристина Шумадиева Reply

      Андреа, пред да нафрлаш лажни обвинувања, те молам прочитај го текстот и воочи ја големата разлика во напишаното. Кафе пауза е бренд којшто веќе 3 години се крои и уште од прв ден од своето постоење, има рубрика „Арт и дизајн“. Тоа што во меѓувреме се појавиле други сајтови, коишто ги користат истите или слични странски извори, не значи дека некој од некого нешто ископирал. Кафе пауза, никогаш од ниеден сајт не ископирала ништо, така што твоите коментари можеш да ги упатиш слободно на други сајтови, каде што навистина има copy-paste од содржините на Кафе пауза, а не обратно. Поздрав

  2. andrea Reply

    Kristina bez nikakva navreda ama isto taka i Divianarts.com postoi veke 2 godini, a ne cesto objauvate isti sodrzini kako i niv den potoa! Inaku si vas golem fan ama ednostavno mi preci koga sajtovite si gi prevzemaat vestite edno od drugi i nema nisto novo

    Pozdrav

    • Кристина Шумадиева Reply

      Со сета должна почит Андреа, но никогаш не го отворам тој сајт, а не па да следам кој ден што објавил. Кој кога ќе објави текст, зависи од тоа кога нашол извор и кога го подготвил текстот за објавување. Ние пишуваме многу различни видови содржини, па не секогаш први успеваме да објавиме нешто, од проста причина што Кафе пауза објавува безвременски содржини и актуелноста не е најпримарна цел. Тоа што ќе видиш исти фотографии или видеа на повеќе сајтови, не значи дека станува збор за плагијат, туку дека повеќе сајта сме сакале да напишеме текст за истиот артист или човек. И на телевизија кога слушаш вести, истите ги слушаш на сите програми така, но малку поинаку обработени? Тоа не значи дека тие си ги украле вестите, туку дека сите известуваат за тоа. И со забавните портали е така, како и со се друго во новинарството. Плагијат е, кога речениците се идентични или очигледно слични, а во случајов не е така.
      P.S. Текстов го имам напишано пред точно една недела, но дури денес стигна на ред за објавување, така што можеби сум и една од првите која го нашла изворот. 🙂

  3. Нора Reply

    Мислам дека е бесполезно да расправате на оваа тема или да глумите супериорно лудило дека не се следите меѓусебно со останатите македонски забавни сајтови (а сепак да знаете дека воглавно се вртат исти или слични содржини).

    Ама, кога веќе почнавме со правилата во новинарството – како прво, нормално и правилно е да се следи конкуренцијата чисто да не се повторува иста приказна или извор. Што секако се случува. Второ, како добар новинар, нема потреба да се застане во одбрана на веста или сајтот од чиста причина што објавата која што ја презентирате може да предизвика низа различни мислења (кои секако се добри по самата објава, затоа што се стекнува со публицитет).

    Ги почитувам и Дивиан Артс и Кафе пауза, и обата сајтови нудат интересни и квалитетни содржини – така да, не гледам зошто оваа дискусија би постигнала негативен ефект.

    Поздрав и секое добро,
    Нора

    • Кристина Шумадиева Reply

      Сосема се согласувам со тебе Нора. Јас лично решив да влезам во дискусијава, зошто знам колку напорно се работи на Кафе пауза и како секојдневно си ги гледаме нашите реченици, објавени на други сајтови. И не зборам за слична објава поврзана со ист артист, која ја објавиле уште 100 други странски сајтови, па секако дека ќе има поклопувања и на македонските портали, туку за ИСТИТЕ реченици од А до Ш. И да, тоа го боли секој новинар, некој да се кити со твоите перја. Така што нема да дозволам никој да дава коментари за тоа како треба да се работи, зошто многу добро знам! А кога станува збор за оригиналноста во содржините… Секогаш кога ќе помислиш дека си единствен, после 1 час, ќе видиш дека уште 5 други сајта го објавиле истото. 🙂 Поздрав и убав ден

  4. Нора Reply

    Го почитувам твоето мислење и твојата работа Кристина, но мислам дека не ја сфати мојата поента. Должноста на еден новинар, на еден посветен карактер кон својата ангажираност во некој медиум не подразбира одбрамбен механизам кој ќе се вклучува во оној момент кога ќе биде даден не толку позитивен коментар. Должноста претпоставува секој еден ден самиот себеси да се постави во позиција на истражување, иновативност, креативност; пронаоѓање приказна таму кај што ја нема, импровизирајќи со својот вокабулар и познавања ЕДИНСТВЕНО во својата објава. Затоа што неговото име стои позади истата 🙂

    Коментари секогаш ќе има. Твоја должност е да направиш да бидат што подобри, како што и ти самата ќе стануваш подобра. Таков пример имам забележано токму кај Дивиан Артс (еднаш или двапати ги искритикував, па веднаш забележав подобрување). И останувам при таквиот став, затоа што ги следам, исто како и Вас. Радо Ве читам, затоа што сте различни. Тоа значи да се биде новинар – независно каде пишува или што пишува 🙂

    • Кристина Шумадиева Reply

      Ок, Нора ти благодарам на коментарите. Мислам дека Кафе пауза е толку популарен и читан сајт, токму поради иновативноста, којашто публиката секогаш ја забележувала и ценела. Ќе продолжиме да работиме креативно. Секогаш… 🙂

Напиши одговор на Нора Откажи одговор