Партенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слобода

Во 1983 година уметницата Марта Минухин го создала „Partenon de los libros“ (Партенон од книги) за да го прослави крајот на воената диктатура во Аргентина. Партенонот на Минухин бил изграден од книгите кои биле забранети од страна на владејачката хунта. Денес, 27 години подоцна, уметницата повторно гради храм од забранети книги, но овој пат ќе бидат вклучени книжевни дела од целиот свет.

Партенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слобода

Наредната година, Минухин планира да собере преку 100.000 забранети книги за да создаде реплика на древниот грчки храм Партенон кој веќе со векови претставува симбол на убавина и демократија. Откако ќе биде готова, инсталацијата ќе биде поставена во германскиот парк Фридрихплатц во Касел, каде што нацистите изгореле повеќе од 2.000 тома во 1933 година како дел од „Кампањата против негерманскиот дух“.

Партенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слобода

Партенонот од книги ќе биде дел од еден од најголемите и најпознатите фестивали на современа уметност во светот. Сосема соодветно, темата на фестивалот за 2017 година гласи „Учиме од Атина“.

„Партенонот од книги претставува пример за борбата против насилство, дискриминација и нетолеранција“, изјавил Адам Симчик, уметнички директор на фестивалот.

Ако си замислиме каде би биле во 2017 година доколку одредени луѓе останале на власт, Партенонот на книгите може да добие сосема ново значење и да прерасне во симбол на надежта.

Партенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слобода

Со цел да се подигне свеста за овој проект, неколку видни книжевни организации веќе донирале книги. Американското здружение на библиотеки, на пример, донирало романи од Филис Рејнолдс Нејлор и Џеф Смит како и романот „Две момчиња кои се бакнуваат“ (Two Boys Kissing) од Дејвид Левитан, една од најпровокативните книги во 2015 година.

Партенонот од книги ќе биде поставен 100 дена. На стотиот ден, храмот ќе биде разурнат, а забранетите книги ќе им се поделат на посетителите со цел повторно да почнат да кружат меѓу луѓето и да можат да ја испратат нивната порака.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар