Паровите во кои мажите почесто чистат и готват, поретко имаат секс

Кој во вашата заедница почесто го фрла ѓубрето, мажот или жената? Одговорот на ова прашање може да биде еден од факторите кои покажуваат колку сте сексуално активни. Најновото истражување објавено во списанието „American Sociological Review“ покажува дека мажите кои поретко се занимаваат со традиционални „женски“ куќни работи, како готвење, чистење и купување намирници, повеќе време посветуваат на секс со својата партнерка.

Паровите во кои мажите почесто чистат и готват, поретко имаат секс

Од друга страна, мажите кои се занимаваат со мажествените куќни работи како косење трева, фрлање ѓубре, одржување на автомобилот, плаќање сметки, имаат повеќе секс од оние кои ги избегнуваат тие обврски.

Брачните парови кои учествувале во ова истражување се изјасниле дека во просек имаат 5 пати секс месечно, но бројот на сексуални односи во просек бил за 1,6 поголем кај оние парови во кои само жената се бави со „женските работи“ во домаќинството.

Во истражувањето учествувале 4.500 хетеросексуални брачни парови од САД, а податоците биле прибрани во периодот од 1992 до 1994 година, што претставува најновото големо истражувањево во кое е измерена фреквенцијата на сексуални односи на брачни парови во оваа земја.

Жените почесто им помагаат на мажите

Од ова истражување се добил и уште еден интересен резултат. Имено, мажите во просек работат околу 1/5 од женските работи по дома, додека жените работат околу 1/2 од машките работи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар