Парадоксот за интелигентните луѓе и нивниот социјален живот

Парадоксот за интелигентните луѓе и нивниот социјален живот

Луѓето со висока интелигенција располагаат со многу знаења поради својата љубопитност и способност брзо и лесно да ги учат нештата, но ги следи стереотипот дека тешко се снаоѓаат на полето на социјалниот живот. Секако дека постојат многу паметни луѓе кои своите знаења ги користат и за подобрување на состојбите во односите со другите. Но, за оние кои потешко се снаоѓаат на тоа поле, Шон Купер, човек кој одржува обуки од оваа сфера, издвојува четири причини за тоа.

Парадоксот за интелигентните луѓе и нивниот социјален живот

Знаењето е знаење, вештината е вештина

Паметните секогаш се набилдани со информации и теории, но не секогаш и со вештини. Едно е некој да знае како функционира општеството, да ги набљудува меѓучовечките односи и да знае какви би требало да бидат, но сосема друго е да знае како тоа знаење да се употреби. Со други зборови, потребно е знаење како да се искористи стекнатото знаење. А тоа знаење не се стекнува со читање, туку со практикување на социјалните односи.

Премногу размислуваат

Паметните луѓе честопати се наоѓаат во ситуација да се чудат додека слушаат како некој зборува на одредена тема и главно говори глупости. Сепак, оној што говори има голема самодоверба и не се грижи многу за тоа што ќе мислат другите за неговите зборови. За разлика од него, паметниот знае дека може да згреши некаде и троши многу време на размислување во врска со тоа. Интелигентните луѓе тоа го сфаќаат како проблем и се обидуваат да го решат со размислување, иако според Купер токму прекумерното размислување е коренот на нивниот проблем.

Парадоксот за интелигентните луѓе и нивниот социјален живот

Ги преценуваат предизвиците

Шон Купер вели дека во неговата практична работа забележал дека интелигентните луѓе кои се срамежливи и на кои им фалат социјални вештини, секогаш ги преценуваат пречките кои им стојат на патот. Тие секогаш успеваат да најдат изговор дека нема да успеат и дека нема потреба воопшто да се обидуваат да стигнат до целта. Наместо да го користат паметот да најдат начин како да го пребродат проблемот, тие го користат за да си создадат слика како доживуваат неуспех. Купер вели дека мораат да се ослободат од оваа навика чии корени најчесто лежат во усвоените ставови за животот уште од детството и за кои можеби е неопходна и помош од психолог.

Не знаат да се справат со стравот и другите емоции

Силата на интелигентните луѓе лежи во умот, но нивната слабост често се емоциите. Многумина се вкочануваат од страв кога се соочени со предизвикот за засновање или градење на силни односи со другите. Купер вели дека сретнал многу паметни луѓе кои попрво би го минале животот во изолација од другите отколку да се потрудат да се справат со стравот или да побараат помош за тоа. Овој проблем бара напор, но е решлив. Секој може да научи да управува со своите емоции, а потоа управувањето со социјалниот живот е многу полесно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Мартин Глувиќ Reply

    premnogu razmisluvame,definitivno! $:

  2. ...... Reply

    mnogu tocno 🙂

Остави коментар