Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

Интересен е начинот на кој децата размислуваат. Тие се обидуваат да најдат своја смисла за светот преку интересни и без сомнение креативни забелешки кои имаат моќ да нè насмеат до солзи. Па, погледнете ги следниве 40 изјави кои ќе ви го направат денот подобар и ќе ве натераат да се вратите во времето кога и вие сте имале толку безгрижно сфаќање за она што се случува околу вас…

(1) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

„Повеќе ја сакам сестрата на мајка ми, отколку мојата. Сестрата на мајка ми е моја тетка, а мојата не ми е ништо!“

„Мамо, тебе жал ти е што си дебела?“

„Мојата мајка има бебе во стомакот, ама не знам како го голтнала.“

„Кога двајца заљубени за прв пат ќе се бакнат, одма паѓаат и нема да станат барем саат време, а можеби и повеќе“

„Полуостров е остров кој не е до крај направен.“

„Баба е дебела затоа што е полна со љубов.“

„Јас би сакала да имам уште еден брат, ама мојата мајка користи тампони.“

„Колку е човек постар, толку неговите заби се поскапи.“

„Кога прдите, вашиот задник се проѕева.“

„Девојчињата не можат да мократ стоејќи затоа што немаат што да држат.“

(4) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

„Кога баба ја болат забите, таа едноставно си ги остава во чаша.“

„Еднаш бев толку многу болна што имав 40 килограми температура.“

„Јас немам веќе баба, ја посадија на гробишта.“

„Дали мора и мајките да јадат трева за од градите да им тече млеко?“

„На Марс има животни. Ама тоа е само хипотенуза.“

„Израелците направиле златно теле бидејќи немале доволно злато за златна крава.“

„Швајцарските крави се користат претежно за правење чоколадо.“

„Жителите на Сардинија се викаат Сардини.“

„За да биде добра медицинска сестра, мора да биде целосно стерилна.“

„Лекарите велат дека смртоносните болести се најлоши.“

(3) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

„Кога се роди мојот помлад брат мораа да го стават во акумулатор.“

„Пеперутката е инсект од фамилијата хеликоптери.“

„Најкорисно животно е свињата. Од неа можеме да направиме сè, месо од напред и позади, кожа за чевли, влакна за четки и погрден збор!“

„Зоолошката градина е одлична работа. Таму можеме да ги видиме и животните кои не постојат.“

„Не сум крстен, ама затоа сум вакциниран.“

„Животното осигурување се пари кои ги добива оној кој ќе преживее смртен случај.“

„Разликата помеѓу село и град е тоа што тревата во селото е во еден дел, а во градот е испрекината.“

„Не знам колку години имам, тоа цело време се менува.“

„Многу се уплашив кога мама се разболи. Помислив дека тато ќе ни готви.“

„Аквариумот е мало стаклено море каде што живеат домашните риби.“

(2) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

„Алиментација е плата за деца кога ќе им се отсели таткото.“

„Посвојувањето е многу подобра можност од раѓањето. Така родителите можат сами да си изберат дете и не мора да го прифатат баш она кое го добиле.“

„Папата живее во Вакуум.“

„Сите риби носат јајца, а руските дури и кавијар.“

„Кравите не смеат брзо да трчаат со цел да не го истурат млекото.“

„Кај нас мажите можат да се оженат само со една жена. Тоа се нарекува монотонија.“

„Кругот е кружен квадрат.“

„Со брат ми денес изедовме цела тегла мармалад. Вечерва ќе добиеме или пролив или ќотек!“

„Не разбирам зошто мама толку се лути што сме ја скршиле вазната. Таа секако беше стара и кинеска, а не наша.“

„Баба отишла на другиот свет. Сега и ние имаме некој што живее во странство.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. mebel Reply

    ne realni se 🙂 koe dete znae sto e hipotenuza ili monitonija

  2. Petko Reply

    Нема врска дека се детски мисли тоа. Сменете го насловот и сликите. Инаку онака за шега се интересни, не баш сите! Ама дека се детски нема врска. Промашен пост

Остави коментар