Палатата на Хенри VIII – Хемптон Корт

Автор: Симона Ристоска

Историја на палатата

Поранешната кралска палата, позната по величествените градини и лавиринтот, а денес една од најголемите лондонски туристички атракции, се наоѓа во областа Ричмонд, блиску до Темза. Кралското семејство не живее во оваа палата уште од 18-тиот век. Самата палата е градена долг период и нејзината архитектура е интересен спој на двата различни и контрастни стилови: тудор и барок.

Најголемо влијание врз нејзиниот сегашен изглед имал, секако Хенри VIII кој преуредил поголем дел од палатата, проширувајќи ја познатата кујна, додавајќи свои апартмани, тениски игралишта и преубави градини. Фасцинантна колку и животот на Тудорови кои што живееле во неа, палатата е историја сама по себе. Подолу можете да погледнете неколку фотографии кои одлично ја прикажуваат палатата и градините во сиот свој сјај и убавина.Палатата на Хенри VIII – Хемптон КортПалатата на Хенри VIII – Хемптон КортПалатата на Хенри VIII – Хемптон Корт

Легендите за палатата

Како и секој познат дворец во светот, и Хепмтон Корт има неколку легенди и приказни кои се поврзуваат со него и на сета негова величественост и убавина, додаваат и чувство на мистерија.

Една од најпознатите приказни е поврзана со Кетрин Хауард, жената на кралот Хенри VIII, која што ја обвинил за прељуба и ја казнил со домашен притвор. Обидувајќи се да побегне преку галеријата, да го најде кралот и да го моли за милост, чуварите ја фатиле и врескајќи ја вратиле во нејзините соби. Подоцна Кетрин била погубена во „Кулата на Лондон“ (Tower of London). Денес галеријата е позната под името „Опседнатата галерија“ (The Haunted Gallery), а голем број посетители и вработени тврдат дека и ден денес се слушаат врисоци кои доаѓаат од неа.

Често прераскажувана приказна е и онаа за „Сивата дама“ (The Grey Lady). Многумина тврдат дека духот на Сибил Пен, нејзиното оригинално име, којашто им служела на четворица од Тудоровите монарси, почнал да се појавува низ дворецот откако нејзиниот импресивен гроб бил преместен. Сивата дама починала од сипаници, кои ги добила негувајќи ја во тоа време малечката принцеза Елизабета I. Всушност најчудната легенда поврзана со оваа негувателка е откритието на античко тркало во дворецот. Во периодот кога го преместувале нејзиниот гроб, почнале да се слушаат чудни звуци низ еден од ѕидовите, како некој да работи на тркало што постојано се врти. Истрагата во дворецот открила претходно непозната просторија, во која се наоѓало античко тркало кое се вртело.Палатата на Хенри VIII – Хемптон КортПалатата на Хенри VIII – Хемптон Корт

Интересни факти за Хемптон Корт:

  • Всушност станува збор за две палати во една. Оригиналната е изградена од Хенри VIII, но подоцна Кристофер Врен, истиот архитект кој ја изградил и катедралата Св. Павле, го дизајнирал остатокот од палатата.
  • За време на владеењето на Хенри VIII, палатата ги добила салите за куглање, тениските игралишта, прекрасните градини и кујната.
  • Хенри VIII ја проширил кујната во 1529 г. така што таа била составена од 55 соби, кои покривале неверојатни  278 709 м2 , со 200 вработени кои припремале 600 оброка, два пати на ден.
  • Кралот Чарлс I наредил да се ископа реката Лонгфорд, којашто и ден денес претставува извор за фонтаните во градината на палатата.
  • Подоцна кога Чарлс I бил соборен од власт, всушност бил држен како затвореник во самата палата, сè додека по три месеци не избегал за потоа да биде убиен.
  • Џорџ II бил последниот монарх кој живеел во Хемптон Корт.
  • Кралицата Викторија ја отворила палатата за посетители во 1838 година.
  • Палатата Хептон Корт си има и своја цветна изложба секој jули.
  • Во градините се наоѓа еден од најпознатите и најголеми лавиринти во светот.

Палатата на Хенри VIII – Хемптон КортПалатата на Хенри VIII – Хемптон КортПалатата на Хенри VIII – Хемптон Корт


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар