Овие нови гаќички можат целосно да ја исфрлат употребата на влошки и тампони

И покрај фактот што жените имаат менструален циклус од почетокот на човештвото, многу делови од светот сè уште немаат соодветни материјали со цел да се справат со месечните периоди. На пример, се претпоставува дека девојките во Уганда пропуштаат околу 11% од училишната година поради нивните циклуси. Без пристап до женски продукти за хигиена, тие не можат да излезат од својот дом.

ovie-novi-gakjichki-mozhat-celosno-da-ja-isfrlat-upotrebata-na-vloshki-i-tamponi-www.kafepauza.mk_

Дури и во поразвиените држави различните продукти предизвикуваат огромен проблем, најмногу поради тоа што тие се создадени за една употреба. Се претпоставува дека околу 12 милијарди влошки и 7 милиони тампони се фрлаат во ѓубре и ова се случува само во Америка. И да не заборавиме на физичката неудобност која ја создаваат влошките и понекогаш тампоните. Сите овие нешта нè водат кон идејата дека потребна ни е револуција во областа на женската хигиена.

За среќа овој ден не е многу далеку од нас. Сестрите Рада и Мики Агравал, заедно со нивната пријателка Антонија Данбар, неодамна ја основале компанијата „THINX“ која е наменета за создавање гаќички кои се отпорни на дамки и не пропуштаат течности како замена за традиционалните женски производи за хигиена. Но, она што е најинтересно од сè е фактот што овие гаќички можат да се перат во машина за алишта.

Тие се дизајнирани да можат да впијат исто толку течности како и секојдневната влошка и секако, можете да ги најдете во неколку различни модели. Можеби се малку поскапи од обичните гаќички, држејќи цена помеѓу 24 и 34 долари, но на долг рок тие би можеле да им заштедат на жените илјадници долари кои тие секоја година ги даваат за влошки или тампони.

Овие девојки сакаат да го променат животот на жените, така што ќе направат тие да се чувствуваат нормално дури и во овие денови од месецот. Исто така се надеваат и дека ќе им помогнат на оние од помалку развиените светови кои немаат пристап до женски продукти за хигиена. Токму затоа во соработка со невладината организација „AFRIpads“ во Уганда, тие со секои продадени гаќички ќе донираат пари за женски продукти со цел да помогнат повеќе девојки да одат во училиште за време на својот месечен циклус.

Оваа компанија може да се опише со само еден збор – Генијално! Погледнете ја нивната приказна:

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар