Овие луѓе ќе влезат во историјата со искачување на најтешкиот монолит во светот

За прв пат во историјата, двајца мажи, 30-годишниот Кевин Јоргесон и 36-годишниот Томи Калдвел, планираат да се искачат на една од највисоките и најтешките рути во светот, користејќи ги само своите раце и нозе. Тие се искачуваат на „El Captain“, гранитен монолит со висина од 900 метри кој се наоѓа во Националниот парк Јосемити во Калифорнија. Тие се искачуваат по патот „Dawn Wall“, кој се смета за една од најдолгите и најтешките патеки за искачување во светот.

Овие луѓе ќе влезат во историјата со искачување на најтешкиот монолит во светот

Јоргесон и Калдвел се искачуваат со помош на јажиња, но тие ги користат само за заштита од пад, а не и како помош за искачување. Острите карпи им предизвикуваат многу исекотини, па токму затоа тие одвреме-навреме се одмараат во нивните шатори кои ги одржуваат на висина од стотици метри сè додека не заздрават нивните прсти. Понекогаш тие мора и да нанесат лепак на своите рани со цел да можат побрзо да продолжат.

Овие луѓе ќе влезат во историјата со искачување на најтешкиот монолит во светот

Тие во моментов се на половина од својот пат и доколку успеат во својата мисија ќе бидат првите луѓе кои некогаш го искачиле овој легендарен простор. Тие преферираат да се искачуваат рано наутро, кога е премногу ладно и нивните дланки не се потат. Досега се искачуваат 10 дена и очекуваат за околу 7 дена да го завршат својот пат. Погледнете колку застрашувачки изгледа нивната мисија…

Овие луѓе ќе влезат во историјата со искачување на најтешкиот монолит во светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар