Оваа жена ја пронашла медицинската сестра која ѝ го спасила животот пред 38 години

Како бебе, Аманда Скарпинати била однесена во медицинскиот центар Албани, во Америка, затоа што имала тешки изгореници по телото, предизвикани од топла пареа. За време на нејзиното заздравување, за неа се грижела една млада медицинска сестра. Фотографиите на кои се наоѓаат тие двете биле објавени во годишниот извештај на болницата во 1977 година, кој Аманда го чувала во текот на својот живот, надевајќи се дека еден ден ќе ја пронајде повторно оваа жена и ќе ѝ се заблагодари.

Оваа жена ја пронашла медицинската сестра која ѝ го спасила животот пред 38 години

Овие фотографии ѝ дале сила во најтешките денови од нејзиниот живот.

„Се чувствував удобно гледајќи во фотографиите на убавата жена – медицинската сестра која се грижеше за мене. Гледајќи во нив, ги чувствував нејзината љубов и сочувство“, вели Аманда.

Оваа жена ја пронашла медицинската сестра која ѝ го спасила животот пред 38 години

Долги години обидите на Аманда да ја пронајде оваа медицинска сестра биле неуспешни, затоа што нејзиното име не било наведено во медицинскиот извештај. Потоа, таа се обидела за ова да ги искористи социјалните медиуми, каде што ги објавила приказната и фотографиите на нејзината Фејсбук страница. Одговорот пристигнал веднаш, речиси за еден ден, дека медицинската сестра е со име Сузан Бергер, која пак веднаш се сетила на ова девојче.

„Таа беше многу мирна. Обично, кога бебињата излегуваат од операција тие спијат или плачат. Таа беше толку смирена и полна со доверба. Тоа беше неверојатно“, вели Сузан.

Две недели подоцна тие се сретнале во медицинскиот центар Албани, каде што пред 38 години започнала нивната приказна.

Оваа жена ја пронашла медицинската сестра која ѝ го спасила животот пред 38 години

Всушност, на фотографиите се покажало дека Сузан штотуку наполнила 21 година, а бебето што таа го држи е едно од нејзините први пациенти. Сузан не очекувала таква топла средба по 38 години, или пак таков однос кон неа само затоа што добро си ја вршела работата. Таа е среќна што има некој кој сите тие години мислел на неа.

Оваа жена ја пронашла медицинската сестра која ѝ го спасила животот пред 38 години


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар