Оваа порака за украдено Кит-кет чоколадо е најдоброто нешто што ќе го прочитате неделава

Постојат луѓе што едноставно не можат да гледаат храна расфрлана наоколу – тие веднаш ја посакуваат! Не е важно дали се навистина гладни или пак, дали е соодветно време за јадење на таа храна (како на пример, парче торта во 3 по полноќ!), ако стои таму, неизедена и изгледа барем малку вкусно, во нив се раѓа животински инстинкт и едноставно мора да ја имаат! Ако и вие сте една од овие личности, без сомнение ќе се пронајдете во следнава порака која брзо се шири на социјалните мрежи…

Некој провалил во автомобилот на студентот Хантер Џобинс од државниот универзитет во Канзас, и колку лошо и да ви звучи ова, причината е урнебесна. Очигледно крадецот здогледал Кит-Кет чоколадо во држачот за чаша, открил дека автомобилот е отклучен и посегнал по него. Тој не зел ништо друго, ниту пак направил штета во самиот автомобил – едноставно сè што сакал бил дневна доза благо. И најважно од сè, имал храброст да го признае тоа!

Го видов

Го видов Кит-кет чоколадото во твојот држач за чаша. Јас обожавам Кит-кет, па ја проверив вратата и забележав дека е отворена. Не земав ништо друго освен Кит-кет чоколадото. Се извинувам, гладен бев.

Џобинс ја твитнал фотографијата од пораката која ја оставил зад себе крадецот на Кит-кет и нормално, таа брзо се раширила ширум светот. И со добра причина, мора да признаеме…

Поуката што можеме да ја извлечеме од оваа приказна е дека никогаш не треба да го оставате вашиот автомобил отклучен кога во него има вредни работи!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар