Оваа компанија од соништата сака да ви плаќа да се гушкате со панди!

Оваа компанија од соништата сака да ви плаќа да се гушкате со панди!

Центарот за панди во кинескиот национален природен резерват Волонг е дом на слатки и бушави големи панди и верувале или не, тие бараат среќни луѓе што ќе поминуваат време со овие крзнени топчиња додека се мали. Во виралното видео што било објавено на Твитер, можете да видите како еден од вработените, облечен како панда, се гушка со овие неодоливи животни – работа што секој од нас од срце ја посакува.

ovaa-kompanija-od-sonishtata-saka-da-vi-plakja-da-se-gushkate-so-pandi
Огласот за работата гласи:

„Најдобрата работа во светот! Гушкање мали пандички – облечени во костум со цел да им помогнете да живеат без луѓе.“

Видеото вклучува три мали панди, човек што носи костум на панда и многу забава и дружење. Човекот може да биде забележан во секоја позиција за гушкање од триење на носовите, до целосна прегратка околу нивните меки тела.

Од далеку, овој човек наликува на вистинска мајка панда и тоа е целта на програмата за одново претставување на животот во природниот резерват. Со други зборови, вработениот мора вака да биде облечен со цел да се намали интеракцијата со луѓето за пандите да можат полесно да бидат пуштени во дивината.

ovaa-kompanija-od-sonishtata-saka-da-vi-plakja-da-se-gushkate-so-pandi1

Со оглед на тоа што работата има плата од 32.000 долари, можеме слободно да кажеме дека тоа воопшто не е лошо за вакво богато искуство.

Погледнете ја и оваа професија со која можете да заработувате гушкајќи мачиња!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар