Оваа девојка секое утро се бричи и отворено зборува зошто го прави тоа

Поголемиот дел од жените не го прават ова и не можат ни да замислат како одредени мажи секое утро се бричат. Но, кога станува збор за здравствен проблем, тогаш не ни постои избор. Токму затоа и Тина Безнек (26) направила нешто што многу жени со овој проблем се срамат. Таа објавила фотографија од себе додека се бричи.

(0) Оваа девојка секое утро се бричи и отворено зборува зошто го прави тоа

Тина мора секое утро да ги отстранува влакненцата од своето лице, па затоа и решила на овој начин со сите да го сподели проблемот со кој секојдневно се соочува, како и да ја подигне свеста на луѓето дека не станува збор за нешто забавно. Имено, таа страда од синдромот полицистични јајници – состојба што води кон појава на погусти влакненца на лицето кај жените, како и избивање акни. Во нејзиниот случај тоа е многу изразено, но за среќа таа во себе содржи храброст што не ѝ дозволува да се крие од светот.

Симптомите за овој синдром се нередовна менструација, зголемено присуство на машки хормони и цисти во јајниците.

„Имам симптоми како што се прекумерно растење влакна, потење, нередовни менструации депресија. Тие започнаа да се појавуваат од мојата 16-та година. Сепак, го прифатив ова како нешто нормално бидејќи не знаев за подобро“, објаснува Тина. „Отсекогаш сум имала помала самодоверба поради оваа состојба, но морав да ја споделам фотографијата со цел да ја зголемам свеста за ова нарушување и за начинот на кој тоа влијае на нечиј живот – особено ако не се знае дека постои проблемот.“

Доколку и вие се соочувате со овој проблем, не се кријте од него. Најубаво е отворено да разговарате. Нема потреба да се срамите од своето тело бидејќи вие сте прекрасни онакви какви што навистина сте. Бидете горди на себе и чекорете храбро низ животот!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар