Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

Понекогаш, пронаоѓањето на идеалниот фустан за свадба изгледа како невозможна мисија, но оваа невеста се соочува со обратен проблем. Силвија Мартин има 93 години и ќе се мажи со нејзиниот долгогодишен пријател Френк Рејмонд (88) во јули, оваа година, но има еден проблем: не може да се одлучи кој ѝ е омилен од четирите фустани што ги избрала. Како резултат на тоа, таа го прашува интернетот за помош и оваа денешна статија е наменета токму со цел за да ѝ излеземе во пресрет на оваа кул бабичка.

Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

Приказната започнала кога оваа прабаба од Канбера, Австралија, тргнала на шопинг по идеалниот свадбен фустан. Таа пробала голем број фустани, но четири од нив ѝ биле фаворити, поради што не можела да се реши за ниту еден. За да ѝ помогне, некој ја пренел оваа дебата на социјалната мрежа Фејсбук, каде што објавил фотографии од Силвија, како позира во секој од четирите фустани и ги замолил нејзините следачи да гласаат за најубавиот фустан, кој според нив треба да го носи оваа елегантна дама, на нејзината свадба.

Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

Во објавата на Фејсбук, воедно е објаснето дека Френк ја побарал Силвија да се омажи за него, веќе неколку пати досега. Силвија секогаш ја одбивала понудата за брак, сметајќи дека земањето ново презиме би претставувало непочит кон нејзиниот покоен маж. Но, пред една година, таа се разболела и се преселила во Канбера, за да биде во близина на нејзиното семејство, а Френк помислил дека сета надеж е изгубена. Кога Силвија заздравела, таа го пронашла Френк, кој тогаш живеел во Аделејд и го убедила да се пресели во Канбера, за да биде со неа. Френк пристигнал таму, пред само неколку месеци и повторно ја побарал раката на Силвија. Во меѓувреме, Силвија дознала дека може да си го задржи сопственото презиме ако стапи во брак, па овој пат решила да каже „да“. Сега, тие живеат во село за пензионери.

Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

И покрај тоа што не можеме да присуствуваме на свадбената церемонија на овој прекрасен љубовен пар, ние дефинитивно се надеваме дека интернет заедницата ширум светот може да ѝ помогне на невестава, да одбере што да носи, на овој голем ден.

Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

Ние сме повеќе од возбудени што сме еден мал дел во љубовната приказна на Силвија, и мислевме дека и вам ќе ви биде интересно да учествувате во гласањето. Па што мислите вие? Кој фустан треба таа да го одбере: А, B, C или D? Ги очекуваме вашите коментари, во продолжение на оваа необична статија.

Прочитајте повеќе информации на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар