Ова момче носи дреч зелен фустан на погреб. Еве зошто...

Ова момче носи дреч зелен фустан на погреб. Еве зошто…

Пред да замине за Авганистан, британскиот војник Кевин Елиот на шега направил пакт со неговиот најдобар пријател Бери Делејни дека доколку биде убиен во акција, неговиот пријател ќе го облече најгрозниот фустан што ќе може да го најде и така ќе појде на неговиот погреб. Делејни секако се сложил на ова мрачно, но сепак смешно барање.

1-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mk copy

Додека бил во Авганистан, Елиот и Делејни останале во контакт. Иако не се гледале многу, нивното пријателство останало силно. За жал барањето на Елиот дошло да се исполни 3 години подоцна.

Кога дошло време да го погребат Елиот, Делејни знаел што морал да направи. Си ја турил омилената пијачка на неговиот пријател, наздравил за загинатиот херој и го облекол најужасниот фустан кој успеал да го најде. И да, изгледот го зачинил со високи розови чорапи.

2-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mk

Иако фустанот на Делејни може да изгледа дека не е соодветен за приликата, приказната позади тоа сосема добро го објаснува неговиот избор. Сите кои присуствувале на погребот знаеле за ветувањето кое Делејни му го дал на Елиот, па не го осудувале, туку напротив биле емотивно соборени од она што тој го направил во име на цврстото пријателство.

3-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mk

Колку тажно оддавање почит. Не може да не се воодушевите на исполнителноста на Делејни. Војникот Елиот направил голема жртва, па што е губењето на малку достоинство во споредба со тоа?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Zelen???

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор