Ова кученце обожава да спие како неговата играчка

Кученцето Мару обожава да спие. Тој може да заспие во кое било време и на кое било место. Но, најинтересното нешто е што кога тоа спие, многу наликува на своето поларно плишано мече бидејќи секогаш се мести во истата положба како играчката. Токму поради овие негови интересни навики, Мару има 2,3 милиони следачи на Инстаграм.

Ова кученце обожава да спие како неговата играчка!

Инаку, Мару припаѓа на расата на кучиња Шиба Ину и живее во Јапонија. Неговиот сопственик, Оно Шинџуро, започнал да ги објавува фотографиите на Мару на неговиот официјален профил на Инстаграм веднаш по катастрофалниот земјотрес во Јапонија во 2011-тата и откако добил позитивни коментари од луѓето, продолжил да објавува по две-три фотографии дневно.

Ова кученце обожава да спие како неговата играчка!

„Фотографиите ја имаат моќта да ги уништат сите бариери: раса, пол, религија, филозофија и политика“, вели Оно, а неговиот Мару ги поминува сите овие граници и секојдневно ги развеселува луѓето низ светот.

Погледнете дел од неодоливите фотографии на Мару, кои се објавени на неговите социјални мрежи!

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар