Ова кратко видео ќе ви помогне да научите како секогаш да ги препознавате лагите

Извини, батеријата на мобилниот ми се потроши“, „Ништо не ми е, во ред сум“… Сите ние слушаме од 10 до 200 лаги дневно и токму затоа поголемиот дел од нашиот живот се обидуваме да најдеме најразлични начини кои ќе ни помогнат подобро да ги препознаваме. Започнувајќи од детектори за лага, па сè до инфрацрвено скенирање на мозокот, постојат многу методи кои се користат за откривање на лагите. Но, со соодветен тренинг, дури и тие би можеле да бидат измамени.

Ова кратко видео ќе ви помогне да научите како секогаш да ги препознавате лагите

Па, како би можеле вие да откриете кога некој ве лаже? Според Ноа Зандан, на психолошко ниво, сите ние лажеме со цел да се претставиме во подобро светло. Ние правиме сè што е во наша моќ да ја покажеме нашата „совршена“ личност, а не онаа која навистина сме. Но, додека нашиот мозок е презафатен со живеење во фантазија, тој испушта голем број сигнали кои ги издвојуваат лагите од вистината. Токму затоа истражувачите решиле да се обидат да најдат нов начин на откривање лаги, кои нема да зависи од технологија.

1-ova-kratko-video-kje-vi-pomogne-da-nauchite-kako-sekogash-da-gi-prepoznavate-lagite-www.kafepauza.mk_

Со помош на лингвистичките анализи, научниците успеале да идентификуваат 4 начини на говорење кои укажуваат на постоење измама. Најпрво, лажливците многу помалку се спомнуваат во прво лице кога кажуваат лага. Тие најчесто се дистанцираат од приказната така што користат други личности или зборување во трето лице. Потоа, лажливците имаат тенденција да бидат многу понегативни бидејќи на потсвесно ниво чувствуваат вина за лагата. Трето, лажливците најчесто ги објаснуваат нештата со едноставни термини, бидејќи самата лага е комплексна за составување. И за крај, и покрај тоа што оние кои лажат користат едноставни термини, тие ги кријат овие изјави во долги реченици со големи зборови.

Погледнете го ова одлично видео кое подетално ќе ви го објасни процесот на лажење и кое ќе ви помогне да научите како секој пат да ги препознавате лагите кои се насочени кон вас…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар