Ова едноминутно правило може да ви открие дали зборувате премногу

Ова едноминутно правило може да ви открие дали зборувате премногу

Често губиме чувство за време во текот на разговорот и знаеме да се зазбориме до тој степен што на нашите соговорници може да им стане здодевно бидејќи едноставно не им даваме можност за одговор. Со цел да ја избегнете репутацијата брбливци без мерка, научете кога е правилното време да сопрете со говорење.

Ова едноминутно правило може да ви открие дали зборувате премногу

Луѓето можат многу да зборуваат од повеќе причини. Додека едни сакаат да ги импресионираа соговорниците, други едноставно немаат чувство за време и не сфаќаат колку долго можат да зборуваат. Па, доколку понекогаш и вие знаете да се изгубите во долги разговори, научете го следново едноминутно правило кое е познато како „семафор“ со цел да ви помогне да го одржувате дијалогот под контрола…

Зелено светло: Првите 20 секунди од зборувањето каде што го имате целото внимание на соговорникот доколку тој или таа смета дека е важно она за што говорите.

Жолто светло: Вторите 20 секунди од зборувањето каде што кај соговорникот почнува да опаѓа вниманието доколку прешироко ја објаснувате темата или сте почнале да бегате од неа.

Црвено светло: Последните 20 секунди во кои треба да му дозволите на вашиот соговорник да се вклучи во разговорот со своите коментари.

Доколку по една минута не сте му дале можност на соговорникот да одговори, коментира или постави прашање, тогаш вие сте вистински брбливци. Само вештите предавачи успеваат да го задржат целосното внимание на соговорниците во овој временски интервал, но доколку не сте силни на зборови ви се заканува опасноста да бидете сфатени како здодевни. Со цел да го избегнете тоа, избегнувајте монолози и дозволувајте му на вашиот соговорник почесто да се вклучува во дијалогот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар