Ова е вистинската причина зошто жените стенкаат за време на секс

Ова е вистинската причина зошто жените стенкаат за време на секс

Доколку лесно се зацрвенувате, веројатно ви е незгодно само што кликнавте на насловот, но верувале или не, звуците кои жените ги испуштаат за време на секс биле предмет на едно научно истражување.

0-ova-e-vistinskata-prichina-zoshto-zhenite-stenkaat-za-vreme-na-seks-kafepauza.mk

Истражувачите се послужиле со понаучни термини за да зборуваат за сексуалните звуци и оргазмичните врискања кои ги нарекуваат копулаторни вокализации. Прашањето кое тие сакале да го одговорат било: Дали звуците кои жената ги испушта за време на сексот се неприсилени или рефлексни, или пак се резултат на оргазам?

Тие сакале да ја истражат врската помеѓу сексуалните вокализации и оргазмот. Примарното прашање било дали таквите вокализации се ненамерен рефлекс на оргазмот (или поврзани со оргазмот) или пак се независен акт на патот кон постигнувањето на врвот.

Регрутирале 71 сексуално активни хетеросексуални жени на просечна возраст од 22 години и спровеле анкета прашувајќи ги субјектите за нивните звуци за време на секс.

2-ova-e-vistinskata-prichina-zoshto-zhenite-stenkaat-za-vreme-na-seks-kafepauza.mk

Конзистентно на претходно истражување во истата област, жените најчесто одговарале дека постигнувале оргазам со мастурбација или самостимулација, па потоа со манипулација од страна на партнер. Оралниот секс е третиот по ред кој може да доведе до постигнување на врвот, по што следи најреткиот начин на кој жените постигнуваат оргазам – со пенетрација од страна на маж. Исто така жените во истражувањето откриле дека најчесто доживуваат оргазам за време на предиграта.

Што се однесува до звуците (вокализациите), изненадувачки, тие не се поврзани со женскиот оргазам. Истражувачите откриле дека женските вокализации се случуваат за време на машкиот оргазам, најчесто пред или за време на ејакулацијата.

Истражувачите тоа го објаснуваат вака:

„Податоците јасно демонстрираат неповрзаност помеѓу тајмингот кога жените доживуваат оргазам и произведувањето копулаторни вокализации и покажуваат дека постои барем еден елемент од овие реакции кои се под свесна контрола, што им овозможува на жените да го манипулираат однесувањето на мажите во нивна корист.“

Заклучокот според ова истражување е дека жените изгледа вокализираат за време на сексот, не за да го изразат своето задоволство, туку за да им помогнат на мажите да го доживеат врвот.

1-ova-e-vistinskata-prichina-zoshto-zhenite-stenkaat-za-vreme-na-seks-kafepauza.mk

Ова е во согласност со идејата дека сите ние си имаме сопствени идеализирани сценарија во главата за тоа како треба да изгледа еден однос и што нашиот партнер би сакал.

Уште едно истражување вели:

„И машките и женските перцепции за идеалното времетраење на предиграта и сексуалниот однос за нивниот партнер е многу повеќе поврзано со нивните лични стереотипи, а не со изјавените желби од страна на нивниот партнер, што сугерира дека луѓето се потпираат на сексуални стереотипи кога ‘ги пресметуваат’ идеалните сексуални сценарија на нивниот партнер.“

Можеби и вокализациите се дел од идеализирано сексуално сценарио или пак се реакција на она што жените веруваат дека нивниот маж партнер го сака.

Се надеваме дека не уништивме нечии замисли дека жените испуштаат звуци бидејќи едноставно уживаат во сексот. Сепак е малку покомплицирано од тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар