Ова е најздравиот начин на готвење: Ќе посакате веднаш да го пробате!

Доколку некогаш сте почувствувале грижа поради подготвување храна во микробранова печка, добрата вест е тоа што повеќе не треба да се грижите. Новата студија докажува дека овој, на прв поглед мрзлив начин на приготвување на храната, всушност е многу поздрав отколку што е класичното готвење или печење.

1-ova-e-najzdraviot-nachin-na-gotvenje-i-kje-posakate-da-go-isprobate-vednash-www.kafepauza.mk_

Научниците тврдат дека, на пример, за подготовка на брокулата се потребни 10 минути готвење во вода или во рерна. После само 3 до 5 минути готвење, брокулата губи многу хранливи состојки, а една од нив е силен антиоксиданс познат како глукорафанин. Значи, колку подолго го готвите зеленчукот во вода, толку повеќе ги уништувате неговите хранливи состојки.

Најдобар начин за термичка обработка на зеленчукот до совршенство е подготовката во микробранова печка. Таа ги загрева молекулите на храната, но не и воздухот околу неа. Овозможува да ја приготвите храната за пократко време, при релативно ниска температура, со мала количина вода – идеални услови за зачувување на хранливите состојки. Известувањето од научниците при Универзитетот Харвард, покажало дека храната приготвена во микробранова печка ги задржува поголемиот дел од витамините и минералите, отколку кој било друг начин на готвење.

Вработени жени, конечно можете да се опуштите!


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар