Отвори се земјо, голтни ме: 4 непријатни ситуации на работното место

Отвори се земјо, голтни ме: 4 непријатни ситуации на работното место

Постојат ситуации кои можат да се случат на работа по кои ќе посакате да станете невидливи. Овде одвоивме четири од нив, а некои можеби веќе ви се имаат случено.

Отвори се земјо, голтни ме: 4 непријатни ситуации на работното место

1. Погрешно испратен имејл или порака

Не е баш пријатно кога некоја лична порака по грешка ќе му ја упатите на некој клиент. Или уште полошо, на шефот. Врв на сè би било ако на надредениот му испратите порака во која го озборувате, а таа требало да стигне до некој колега.

2. Непријатни погледи кога доцните

Без разлика дали вашето доцнење е оправдано или не, ќе си ја добиете редовната доза непријатни осудувачки погледи од шефот и од колегите. Можеби нема да ви биде гајле, но многу поверојатно е дека ќе сакате таа непријатна ситуација да заврши што побрзо.

3. Сурфате на интернет додека шефот ви е зад грб

Ви треба мала пауза од напорната работа или едноставно ве мрзи да работите, па отворате разни сајтови и гледате слики на Фејсбук. И, баш тогаш шефот застанува зад вас поради нешто сосема друго.

4. Се опијанивте на забава со шефот и колегите

Сте отишле на забавата, сте испиле една чашка, сте се опуштиле, сте испиле уште една, сте се опуштиле уште повеќе, но не се сеќавате што се случувало по третата. Ова само по себе може да биде засрамувачки, а ако сте направиле нешто кое го правите само кога сте пијани, имате причина да посакате да бидете невидливи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар