Откријте дали имате натчовечка способност за препознавање лица

Кога станува збор за решавање кривични дела, безбедносните камери често не се доволни за да се добие успешен резултат. Тука исто така е потребна и натчовечката способност за препознавање лица на снимките со слаб квалитет. Дали сметате дека имате ваква способност?

Откријте дали имате натчовечка способност за препознавање лица

Научниците сѐ уште не можат да дадат детално објаснување за тоа како функционира способноста за препознавање лица и зошто некои луѓе ја имаат, а други не. Ако имате искуство во препознавање луѓе и лесно можете да препознаете некој кој има проблем да ве препознае вас, тоа значи дека вие можеби ја поседувате оваа супермоќ. Научно докажан факт е дека делот од мозокот кој препознава лица е исто така одговорен за обработка на бои и нивно разграничување. Неправилностите во овој дел од мозокот се поврзани со неспособноста да се препознаваат лица или за нивно мешање.

Откријте дали имате натчовечка способност за препознавање лица

Истражувачите наведуваат дека кога станува збор за идентификување други работи, како што се на пример цвеќиња или некои предмети, оние кои лесно препознаваат лица, ги покажуваат истите резултати како и просечниот човек. Ова набљудување наведува на тоа дека нашиот мозок ги идентификува лицата на едно сосема друго ниво. Истражувањата исто така покажуваат дека секој од нас ги препознава лицата на ист начин, односно како единица, а не како збир од индивидуални карактеристики.

Обидете се да го решите тестот и да дознаете дали ја поседувате оваа супермоќ. Тој е прилично едноставен. Сѐ што треба е да гледате во сликата неколку секунди, а потоа да го идентификувате тоа лице помеѓу фотографиите од повеќе личности. Ако добиете повеќе од 10 поени од вкупно 14, тогаш треба да бидете среќни, бидејќи токму вие ја поседувате моќта за препознавање лица!


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар