Откријте дали и вие спаѓате помеѓу ретките луѓе кои страдаат од афантазија

Откријте дали и вие спаѓате помеѓу ретките луѓе кои страдаат од афантазија

Замислете си песочна плажа, каде што брановите од морето удираат на брегот, а сонцето заоѓа на хоризонтот. Успеавте? За многумина ова е лесна задача, но за еден мал дел од човештвото е невозможна. Докторите за прв пат успеале да идентификуваат состојба наречена „афантазија“ која не им дозволува на луѓето да формираат ментални слики во нивниот ум.

Откријте дали и вие спаѓате помеѓу ретките луѓе кои страдаат од афантазија

Се верува дека секој 50-ти човек може да има афантазија. Некои од луѓето кои биле идентификувани со оваа состојба признале дека се чувствуваат осамено и изолирано, бидејќи знаат дека не можат да ги гледаат нештата како што повеќето можат. Исто така тие се чувствуваат вознемирено бидејќи не можат да си ги замислат дури ни блиските во своите мисли. Од друга страна, некои од нив тврдат и дека едноставно научиле како да живеат со афантазијата и сметаат дека го доживуваат животот на малку поразличен начин од другите. Една од овие личности е Нил Кенмуир од Ланкастер, Англија.

„Се сеќавам дека не можев да разберам што точно значи ‘броење овци’ кога не можев да заспијам. Верував дека тоа има фигуративна смисла, бидејќи кога се обидував да го направам тоа, сфаќав дека во мојата глава нема ништо повеќе од невидливи овци. Поминав години во барање информации за мојата состојба, но не наоѓав ништо. Сега сум среќен затоа што конечно се дефинира и истражува.“

Когнитивниот невролог, професорот Адам Зимен, бил првиот кој ја именувал оваа состојба во својата нова студија. Таа најпрво била идентификувана во 1880 година и одвреме-навреме била објаснувана како резултат на голема мозочна повреда, но феноменот досега привлекол многу малку внимание. Еден од пациентите со оваа состојба, Том Ибејер од Онтарио, Канада, не сфатил дека има афантазија сè додека не наполнил 21 година. Сите негови сетила биле под влијание и тој не може да се потсетува на звук, текстура, па дури и миризба.

„Тоа имаше сериозно емоционално влијание врз мене. Почнав да се чувствувам изолирано и неспособно да направам нешто што е толку основно за човечкото искуство. Јас немав способност да се навраќам на сеќавања и доживувања, на миризбата на цвеќињата или пак, на звукот на гласот на љубената личност. Пред да откријат дека сè ова е можно за другите, јас воопшто не знаев ни што пропуштам.“

Се верува дека визуелизацијата е резултат од низа региони кои се расфрлани ширум мозокот, но кои заедно работат за да создадат слики базирани врз сеќавањата. Се претпоставува дека оние кои имаат афантазија, некако имаат и попречување во врските на овие области во мозокот. Тоа исто така објаснува и зошто оваа состојба настанува како последица од голема мозочна штета. За нештата да бидат уште почудни, оние со афантазија не можат доброволно да создаваат слики во своите мисли, но сепак можат да сонуваат.

Зимен е сигурен дека оваа состојба постои, но тврди дека не станува збор за нарушување и планира многу повеќе да истражува со цел да може да дојде до поцврст заклучок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар