Откако решиле да си кажат „да“, го направиле совршениот свадбен пакт

Ако стапувањето во брак е најсреќниот ден во животот, тогаш поставувањето на прашањето за брак е најстрашниот. Сепак, штом си се ветите, почнуваат плановите за свадбата кои ќе бидат топ тема до денот на вашата свадба. Но, без разлика колкав свадбен буџет имате, или колку се занимавате со планирање на менито за вашите 150 гости, сите невести и младоженци имаат една заедничка цел – сите сакаат да изгубат некое кило пред да кажат „да“ и да изгледаат најдобро што можат на своите свадбени фотографии.

1-otkako-reshile-da-si-kazhat-da-go-napravile-sovrsheniot-svadben-pakt-kafepauza.mk

Но, овој пар таа идеја ја сфатил премногу сериозно. Мет и Бренди биле нормална двојка, сè додека еден ден овој 23-годишен готвач не клекнал на едно колено и ѝ го променил животот на Бренди засекогаш. Оттогаш се зарекле дека ќе ослабат за да имаат совршена фотографија од својата свадба. За таа цел започнале маратонска диета.

2-otkako-reshile-da-si-kazhat-da-go-napravile-sovrsheniot-svadben-pakt-kafepauza.mk

Нивните резултати се одлични. Двајцата заедно ослабеле 60 кг, од кои 42 само Мет.

Според среќната двојка, нивната тајна била во обична промена во начинот на исхрана и во самата свест за она што го внесуваат во своето тело.
Со оглед на тоа колку различно и прекрасно изгледале на нивниот најважен ден во животот, можеби е редно време и ние останатите да го тргнеме чипсот настрана додека седиме пред телевизорот и да го замениме со некоја здрава закуска. Ако сè што е потребно е малку силна волја, тогаш замислете што секој од вас би можел да постигне исто така.

3-otkako-reshile-da-si-kazhat-da-go-napravile-sovrsheniot-svadben-pakt-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар