Отишол во затвор за да побегне од жена му

Италијански престапник кој бил осуден на домашен притвор, побарал да го префрлат во вистински затвор, зашто не можел веќе да го поднесе животот со неговата сопруга. Не се случува често, некој кој е осуден на куќен притвор да побара да го префрлат во вистински затвор. Но, токму ова се случило во Италија, каде што човек кој ја отслужувал својата казна во сопствениот дом, побарал од властите да продолжи да ја отслужува зад решетки, во вистински затвор.

Отишол во затвор за да побегне од жена му

Илустрација

Триесетгодишниот Валид Чабани е осуден на домашен притвор поради поседување и дистрибуција на наркотици. Кога полицијата дошла во неговиот дом, тој побарал да го префрлат во затвор.

„Исклучително ми е тежок животот со сопругата. Уморен сум од непрекинатата борба со неа.“ – изјавил Чабани, а пренеле локалните италијански медиуми.

Судот ја прифатил желбата на Валид, па го префрлиле во затвор во Тоскана, каде што ќе продолжи да си ја отслужува казната.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар