Општо познати верувања кои се всушност заблуди

Општо познати верувања кои се всушност заблуди

Сме слушнале многу работи и често ги прифаќаме како такви цел живот без да ја преиспитуваме нивната вистинитост, бидејќи тие се „општо познати“. Време е да ги закопаме митовите во минатото…

Општо познати верувања кои се всушност заблуди

1. Не постојат докази дека викинзите имале рогови на шлемовите.

2. Наполеон не бил низок, иако не бил ни особено висок (1,69 м).

3. Мусолини не е заслужен за навременото пристигнување на возовите.

4. На голтната мастика не ѝ требаат 7 години за да се разгради (затоа што брзо ќе се исфрли од вашиот организам).

5. Големиот Кинески ѕид не е видлив од вселената. Според НАСА, ниеден астронаут го нема видено.

6. Лилјаците не се слепи, само имаат други поразвиени сетила кои примарно ги користат.

7. Црвената боја не ги разлутува биковите, туку матадорите кои мавтаат со своите наметки пред нив.

Општо познати верувања кои се всушност заблуди

8. Бричењето не предизвикува влакната да растат побрзо, погусто и појако.

9. Црвенокосите луѓе нема да исчезнат.

10. Алкохолот не ги убива мозочните клетки.

11. Мажите не мислат на секс секои 7 секунди. Можеби мислат, но статистички е невозможно да се измери.

12. Повеќето метеорити се ладни кога ќе ја допрат Земјата.

13. Пукањето на прстите не предизвикува артритис.

Општо познати верувања кои се всушност заблуди

14. Црвениот сок од живото месо не е крв, туку комбинација од протеинот миоглобин и вода.

15. Мислењето дека луѓето кои повеќе ја користат левата односно десната страна на мозокот се повеќе предодредени за уметност, односно за логика е тотален мит.

16. Библијата не потенцира каков вид овошје зеле Адам и Ева од дрвото.

17. Сонцето не е жолто, бело е. Така ни изгледа поради распрскувањето на светлината во атмосферата.

18. Гледањето премногу телевизија не влијае на вашиот вид.

Општо познати верувања кои се всушност заблуди

19. Имаме многу повеќе од 5 сетила. Научниците одредиле 14-20, во зависност од начинот на кој се дефинира зборот сетило.

20. Мускулите не се претвораат во сало откако ќе престанете со вежбање.

21. Не користиме само 10% од мозокот.

22. Ноевите не ја кријат главата во песок, само ја доближуваат до земјата.

23. Суши не е сирова риба. Сашими е. Тоа се парчиња жива риба потопени во сос, кои понекогаш се служат со суши. Сушито е јадење кое се состои од ориз со оцет, а може да содржи сирова риба или други морски плодови и понекогаш доаѓа со разни топинзи.

24. Доколку разбудите месечар, нема да го повредите. Но, ако не го разбудите, тој може да се сопне и да се повреди самиот.

25. Златните рипки имаат малку подолго помнење од само неколку секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар