Опасност: 3 знаци дека со вас некој манипулира

Опасност: 3 знаци дека со вас некој манипулира

Постојат луѓе кои секогаш ќе се обидуваат да ги остварат своите цели, користејќи се со сите можни средства. Овие луѓе се добро познати како манипулатори, а можете да ги пронајдете во облик на пријатели, познаници, партнери или колеги. Дознајте како да ги препознавате овие опасни емоционални манипулатори со цел да не им дозволите да ве повредат.

Опасност: 3 знаци дека со вас некој манипулира

1. Манипулирале и други луѓе пред вас

Дали некогаш сте биле покрај блиска личност која сте забележале дека излажала некој друг? Дали оваа личност има често негативен став за нештата? Дали можеби тој или таа лесно ширел/а озборувања, без разлика дали се вистинити или не? Ова се само дел од основните прашања кои мора да си ги поставите доколку се сомневате дека некој манипулира со вас.

Манипулаторите се индивидуалисти. Тие често мислат дека се поинтелигентни и подобри од другите, па токму затоа и имаат потреба да се издвојат. Доколку забележите дека во вашите разговори оваа личност секогаш го насочува акцентот кон способноста, интелигенцијата или карактерот, тогаш големи се шансите дека имате работа со манипулатор кој работи зад вашиот грб.

2. Брзи се на зборови и дела

Манипулаторот ќе го најде најбрзиот начин да влијае врз вашите емоции и со помош на ласкање, слатки зборови и лажен интерес ќе изгради доверба и врска помеѓу вас. Еден од најлесните начини да откриете манипулатор е доколку ги прочитате знаците кои откриваат дека оваа личност е загрижена единствено кога некој или нешто влијае врз остварувањето на неговите/нејзините крајни цели.

Во овие ситуации, ако не се согласувате со нивните цели, тоа значи и дека тие немаат контрола врз вас, па затоа и ќе се обидат со целата своја сила да ве уверат дека тие се добри за вас. Токму затоа и следен пат кога ќе им предложите нешто поинакво, забележете ја нивната реакција. Вистинските манипулатори реагираат бурно доколку нешто не им одговара или ако се изложени на критики.

3. Си играат со вашите емоции

Емоционалното, духовното или психичкото заведување е најсилното оружје на манипулаторите. Тие си играат со вашите емоции така што на крајот предизвикуваат нештата да излезат во нивна корист. Токму затоа и околу себе собираат луѓе кои можат да се контролираат, без разлика дали се нивни партнери, пријатели или соработници. Тие се подготвени да ви кажат сè што сакате да чуете, додека лесно ги пренасочуваат оние кои им стојат на патот. Нивната цел е вашата врска да ја насочат кон своја корист и да ја прилагодат исклучиво на своите потреби.

Овие личности исто така се подготвени и да направат сè така што на крајот од секоја расправија вие да испаднете негативци. Во овие ситуации нивните „жртви“ почнуваат да веруваат во тоа и да ги преиспитуваат своите постапки и дела, додека во реалноста не направиле ништо погрешно, туку едноставно станале дел од една вешта шема за манипулирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар