Оние кои носат класична облека можат да го измамат својот мозок да мисли дека се помоќни

За сите оние кои поголемиот дел од нивниот живот живееле во фармерки, маички и патики, ова може да биде голем предизвик. И покрај тоа што можеби таа е удобна, има големи шанси дека оваа облека ве спречува и да го постигнете вашиот целосен потенцијал. Резултатите од едно истражување спроведено од Државниот Универзитет во Калифорнија ни покажуваат дека оние кои се облекуваат поформално со нивната облека можат да го променат начинот на кој го перципираат светот околу нив. Со самиот акт да носите одело вие ќе направите да се чувствувате помоќно, создавајќи надворешна, но и внатрешна промена.

Оние кои носат формална облека можат да го измамат својот мозок да мисли дека се помоќни

Истражувачите проучувале група од студенти кои решавале задачи со цел да се тестира нивното апстрактно размислување и како класичната облека влијае врз истото. Првите две испитувања не покажале јасни резултати, бидејќи само дел од студентите редовно се облекувале поформално. Но, за следните испитувања, некои од испитаниците биле замолени од страна на истражувачите да облечат одело пред да дојдат на тестирање.

Оние кои почесто носеле одела и се чувствувале добро за нивниот изглед имале и поголем успех при решавање на апстрактните тестови. Ова значи дека тие можеле подобро да ја видат поголемата слика и да престанат да се грижат за деталите на проблемот. На крајот на краиштата, сè се врти околу самодовербата.

Класичната облека, како оделата, најчесто предизвикуваат луѓето да се чувствуваат посамоуверено и во контрола. Невролошките патишта кои се виновни за овие видови чувства се поклопуваат со областа во мозокот која е подобро опремена да размислува за поголемата слика. И покрај тоа што облекувањето одело нема автоматски да ве направи лидер, сепак ќе ви помогне да го започнете овој процес.

Како што мислите влијаат врз делата, така и личноста може ефикасно да влијае врз своето размислување, резултирајќи со помоќен и поуспешен статус. Научниците знаат со години дека луѓето кои се на високи позиции најчесто имаат и високо ниво на апстрактно размислување, додека кај оние кои работат под нив доминира конкретното размислување и токму затоа се подобри во следењето детални задачи. Секако и двете улоги се потребни со цел да можат заедно да успеат, но оние кои бараат да напредуваат во своето поле, можат да имаат голема придобивка од дотерувањето со цел да почнат да размислуваат како оние кои најчесто се над нив.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар