Она што ти треба за да успееш

Она што ти треба за да успееш

Овој стрип базиран на поема од Чарлс Буковски, а креиран од Zen pencils е одлична илустрација за сфаќањето за успехот кое многумина од нас го имаат. Сите сакаме да имаме добра основа пред да започнеме да создаваме нешто свое, некаква инвестиција, поддршка, тим кој ќе создава заедно со нас, кога во суштина сè што ни треба е желба и идеја.

Знаеш, на периоди или морав да се грижам за семејството или имав друга работа... Нешто цело време ми стоеше на патот. Ама сега ја продадов куќата.

Знаеш, на периоди или морав да се грижам за семејството или имав друга работа…
Нешто цело време ми стоеше на патот.
Ама сега ја продадов куќата.

Најдов едно добро место – голема работилница.  Да ги видиш само просторот и осветлувањето.

Најдов едно добро место – голема работилница.
Да ги видиш само просторот и осветлувањето.

За првпат во животот...

За првпат во животот…

За првпат во животот... Ќе имам време и место да создавам.

Ќе имам време и место да создавам.

Не душо, ако сакаш да создаваш...

Не душо, ако сакаш да создаваш…

Ќе создаваш без разлика дали работиш 16 часа на ден во рудник.

Ќе создаваш без разлика дали работиш 16 часа на ден во рудник.

Или ќе создаваш во мала соба со 3 деца и се издржуваш со социјална помош.

Или ќе создаваш во мала соба со 3 деца и се издржуваш со социјална помош.

Ќе создаваш кога делови од умот и телото ти се разнесени.

Ќе создаваш кога делови од умот и телото ти се разнесени.

Ќе создаваш слеп, неподвижен, споулавен.

Ќе создаваш слеп, неподвижен, споулавен.

Ќе создаваш додека мачката ти се качува по грбот, а целиот град стравува во земјотрес, бомбардирање, поплава или пожар.

Ќе создаваш додека мачката ти се качува по грбот, а целиот град стравува во земјотрес, бомбардирање, поплава или пожар.

Душо, воздухот и осветлувањето, времето и просторот немаат никаква врска со тоа.

Душо, воздухот и осветлувањето, времето и просторот немаат никаква врска со тоа.

И не создаваат ништо... освен можеби подолг живот за да најдеш нови изговори.

И не создаваат ништо… освен можеби подолг живот за да најдеш нови изговори.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар