Она што прво ќе го забележите на сликата ги открива вашите нарцисоидни карактерни особини

Она што прво ќе го забележите на сликата ги открива вашите нарцисоидни карактерни особини

Генерално гледано, нарцисите имаат искривена слика за себе, се однесуваат арогантно, имаат постојана потреба од восхит и комплименти и имаат недостаток на емпатија. Сепак, тешко е да се одреди дали еден човек е нарцис или само поседува одредени нарцисоидни карактерни особини. За да дознаете кои се вашите скриени нарцисоидни карактеристики, направете го следниов тест на личноста. Она што прво ќе го забележите на сликата ќе ви открие колку големи нарциси сте. Разгледајте ја сликата и потоа прочитајте ги резултатите. Што видовте прво?

Она што прво ќе го забележите на сликата ги открива вашите нарцисоидни карактерни особини

  • Жена

    Ако најпрво ја забележавте жената, вашите нарцисоидни карактеристики за поврзани со физичкиот изглед. Не сте секогаш површни, но најчесто ги осудувате луѓето според тоа како изгледаат. Ова го правите само тогаш кога сте вознемирени или под голем стрес. Сликата за себе ја градите на тој начин што се споредувате себеси со луѓето околу вас. Иако длабоко во себе знаете дека површинските работи не се толку важни, сепак тие играат голема улога во вашиот живот кога се чувствувате несигурно.

  • Река

    Ако најпрво видовте реката, вашите нарцисоидни карактеристики се поврзани со општествениот статус. Иако знаете дека квалитетот на вашите врски со луѓето се најзначајни, сепак тешко ви е да го тргнете фокусот од вашата кариера и да се посветите на луѓето кои ги сакате. Општествениот статус на некои луѓе ви значи многу повеќе од начинот на кој тие се однесуваат со вас. Треба да внимавате на ова. Иако нема ништо лошо во тоа да им се восхитувате на луѓето кои се повлијателни од вас, има работи во животот кои се многу поважни од титулите и високата плата.

  • Мост

    Ако најпрво го забележавте мостот, вашите нарцисоидни карактеристики се поврзани со недостатокот на емпатија. Тоа не значи дека не можете да почувствувате ништо. Вие имате длабоки чувства, но најчесто не сте свесни за туѓите емоции. Вашиот инстинкт не ви вели најпрво да проверите како се чувствуваат другите луѓе. Кога другите ќе ви кажат дека се добри, вие слепо им верувате без да проверите дали тоа е вистина. Обидете се да станете посвесни за туѓите чувства. На тој начин ќе можете да ги подобрите односите во вашиот живот.

  • Чамец

    Ако најпрво го видовте чамецот, вашите нарцисоидни карактеристики се поврзани со вашето чувство дека вие сте најдобри. Доколку сакате да постигнете успех и да бидете среќни во животот, ќе мора понекогаш да го ставите вашето его на страна и да им верувате на другите. Многу е важно да имате луѓе на кои ќе можете да се потпрете кога ќе ви треба помош. Не мора да си го отежнувате животот со тоа што ќе бидете уверени дека само вие ги поседувате потребните вештини за да се заврши некоја работа. Вие сте неверојатна личност, но не сте суперхерој. Побарајте помош од вашите пријатели. Никој нема да има лошо мислење за вас ако го направите тоа.

Расположени сте за уште еден ваков тест? Она што прво ќе го забележите на сликата ќе ви ја открие вашата најголема слабост. Кликнете на сликата за да ги прочитате резултатите.

Она што прво ќе го забележите на сликата ќе ви ја открие вашата најголема слабост


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар