Олимписките игри низ историјата

Олимписките игри низ историјата

Оваа година Лондон ќе биде домаќин на 30-тите модерни Олимписки игри кои биле првпат организирани пред 116 години во Атина. Иако духот на Олимпијадата останува непроменет, денешниот комерцијален глобален спектакл кој опфаќа повеќе од 200 земји и 10.000 спортисти, сосема малку наликува на десетдневното спортско натпреварување во само осум дисциплини, кое било одржано во 1896 година, еден ден после Велигден. Повеќе од еден век Летните Олимписки игри се исполнети со неверојатни спортски и културни постигнувања, но и со политика, конфликти, контроверзии и скандали. Олимписките игри низ историјата

  • Во 1896 година се одржани првите модерни Олимписки игри на кои се натпреваруваа 245 спортисти од 14 земји.
  • Во 1900 година жените за првпат почнаа да се натпреваруваат во голф и тенис на трева. Овие две спортски дисциплини броеја вкупно 11 спортистки.
  • Во 1904 година за првпат беа претставени златниот, сребрениот и бронзениот медал.

Олимписките игри низ историјата

  • Во 1908 година спортистите почнале да се претставуваат марширајќи на стадионот со националните знамиња.
  • Во 1916 година Олимписките игри биле откажани заради Првата Светска војна.
  • Во 1920 година било претставено денешното лого на Олимписките игри, петте кругови во пет различни бои.

Олимписките игри низ историјата

  • Во 1928 година два настани стануваат традиционални за сите понатамошни Олимписки игри. Тоа се носењето на олимпискиот оган од Грција во земјата-домаќин и неговото палење.
  • Во 1932 година бројот на учесници во Олимписките игри е намален заради Големата депресија и патните трошоци до Лос Анџелес. Олимписките игри кои сè дотогаш траеле 79 дена, во 1932 година траеле само 16 дена.
  • Во 1936 година Хитлер изјавил дека само припадниците на Ариевската раса може да ја претставуваат Германија на Олимпијадата во Берлин.

Олимписките игри низ историјата

  • Во 1948 година Олимписките игри продолжиле да се одржуваат после 12-годишна пауза заради Втората Светска војна. Германија и Јапонија не биле поканети на оваа Олимпијада.
  • Во 1968 година американците Томи Смит и Џон Карлос додека се наоѓале на пиедесталот ги подигнале рацете покриени со ракавици во знак на поздрав на „црната моќ“.
  • Во 1972 година осум палестински терористи влегле во Олимпиското село и држеле во заложништво 11 Израелци, кои подоцна ги убиле во „Масакрот во Минхен“.

Олимписките игри низ историјата

  • Истата година времето беше три пати вратено во последните 3 секунди од кошаркарскиот натпревар меѓу СССР и САД, така што Американците првпат беа на контроверзен начин поразени во кошарка и останаа без златен медал.
  • Во 1980 година 60 земји, меѓу кои и САД, ги бојкотираа Олимписките игри во Москва заради инвазијата на СССР врз Авганистан.
  • Во 1984 година Советскиот Сојуз и неколку негови сојузници одбија да учествуваат на Олимпијадата во Лос Анџелес.

Олимписките игри низ историјата

  • Во 1988 година канадскиот атлетичар Бен Џонсон поставил светски рекорд на 100 метри. Подоцна рекордот бил поништен, а златниот медал му бил одземен затоа што Џонсон паднал на тестот за дрога.
  • Во 1992 година Куба повторно им се враќа на Олимписките игри со освоени седум златни медали во бокс и прво место во бејзбол.
  • Во 1994 година Олимписките игри биле поделени на зимски и летни. Оваа година Зимските Олимписки игри биле одржани во Лилехамер.

Олимписките игри низ историјата

  • Во 1996 година бомба експлодира во Олимпискиот парк во Атланта при што убиено е едно, а повредени се 111 лица.
  • Во 2004 година Олимпијадата се враќа во нејзиниот историски дом, во Атина.
  • Во 2012 година Лондон станува првиот град  во кој Летните Олимписки игри се одржале дури три пати.

Олимписките игри низ историјата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар