Oксиморонските реченици на познатите

Кога ќе се спојат два противречни поими добивате оксиморон. Речениците во кои е застапена оваа стилска фигура на прв поглед изгледаат смешни, глупави и сосема нелогични, но ако ги анализирате подлабоко, ќе дојдете до заклучок дека всушност тие совршено ја дефинираат реалноста. Барем оние што може да се прочитат во познатата „Оксимороника“ на Марди Грот. Авторот успеал на едно место да собере стотоци противречни изјави и мудрости на познатите. Ние ви издвоивме само мал дел од нив…
Oксиморонските реченици на познатите

„Колку помалку, толку повеќе.“ – Роберт Браунинг

„Бесплатната љубов чини многу скапо.“ – Бернадет Девлин

„Среќата е отсуство на стремежот кон среќа.“ – Чуанг-Це

„Вистинското знаење е да ја знаеш длабочината на сопственото незнаење.“ – Конфучие

„Не можеш да речеш дека цивилизацијата не напредува, кога во секоја војна те убиваат на поинаков начин.“ – американскиот хуморист Вил Роџерс

„Сликањето е лесно кога не знаеш да сликаш, но многу тешко кога знаеш.“ – Едгар Дега

„Кога бев млад можев да запомнам сè, без оглед дали се случило или не, но стареам и наскоро ќе го помнам само она второто.“ – Марк Твен

„Посакувам луѓето кои имаат проблем со комуникацијата едноставно да замолчат.“ – Том Лерер

„Луѓето сакаат штедливост и ќе платат колку што треба само за да ја добијат.“ – Ли Јакока

„За да ги водиш луѓето оди зад нив.“ – кинескиот мудрец Лао-Це

Oксиморонските реченици на познатите

„Ќе се изненадите ако дознаете колку чини да се изгледа вака евтино.“ – Доли Партон

„Автентичен фалсификат“ – Џејмс Скоти Рестон од Њујорк Тајмс за Роналд Реган

„Никој повеќе не оди таму. Има премногу турканица.“ – Јоги Бера (бејзбол играч)

„Спиеме во одделни соби, одделно вечераме, за одмор правиме одделни планови, правиме сè што можеме за да си го одржиме бракот.“ – Родни Дејнџерфилд

„Тргнувајќи од тоа дека добро го владеам јазикот, не реков ништо.“ – Роберт Бенчли

„Едно мартини е доволно, две се премногу, три се малку.“ – Џејмс Турбер

„Да се биде природен е став кој тешко може да се одржи.“ – Оскар Вајлд

„Атеист сум, фала му на Бога.“ – Џорџ Бернард Шо

„Никогаш не заборавај дека си апсолутно уникатен. Како и сите други.“ – Маргарет Мид

„Кога ништо не успева, прочитај го упатството.“ – Агнес Ален

Oксиморонските реченици на познатите

„Почнавме со обиди да основаме мала анархистичка заедница, но луѓето не сакаа да ги почитуваат правилата.“ – Алан Бенет

„Ако квантната физика не те збунува, тогаш не си ја разбрал во потполност.“ – Нилс Бор

„Она што сите го бараме кога се фотографираме е убава, природна фотографија на која не личиме на себеси.“ – Пег Бракен

„Голема штета е што сите луѓе што знаат да управуваат со државата се зафатени со возење такси или работа во фризерски салони.“ – Џорџ Барнс

„Огромен број лаги кружат по светот, но најлошо е тоа што половина од нив се точни.“ – Винстон Черчил

„Банката е место каде што ќе ти позајмат пари, ако можеш да докажеш дека не ти требаат.“ – Боб Хоуп

„Тешко е да молчиш кога немаш што да кажеш.“ – Малколм Марголин

„Никогаш не дозволив училиштето да ми го попречи образованието.“ – Марк Твен

„Ништо не иритира повеќе од тоа да не те поканат на забава, на која не сакаш ни да одиш.“ – Бил Воган

„Како и повеќето родени њујорчани, роден сум во друг град.“ – Хари Хершфилд

Oксиморонските реченици на познатите

„Никогаш не сме подготвени за она што го очекуваме.“ – Џејмс Мишенер

„Учен будала е поголем будала од обичен глупак“ – Молиер

„Постојано сме опседнати со сексот, освен за време на чинот. Тогаш талкаме со умот.“ – Хауард Немеров

„Сексот е како парите. Само премногу е доволно.“ – Џон Апдајк

„Бракот е грешка што треба секој да ја направи.“ – Џорџ Џесел

„Кога мажот, без причина, ќе ù однесе цвеќе на својата сопруга, има силна причина за тоа.“ – Моли Мекги

„Брзај полека.“ – Август Цезар забележано кај Суетониј (прв век)

„Подобро за нештото да не знаеш ништо, отколку да знаеш делумно.“ – Публилиус Сирус во Морални изреки

„Ќе имаме мир, па дури и ако треба да се бориме за него.“ – Двајт Д. Ајзенхауер

„Во Израел за да бидеш реалист, мора да веруваш во чуда.“ – Давид Бен-Гарион

„Мајка ми никогаш не ја виде иронијата во тоа што ме викаше кучкин син.“ – Џек Николсон

„Никогаш не прифаќајте совети.“ – Џорџ Бернард Шо

„Славна личност е личност која цел живот работела на тоа да стане добро позната, а потоа носи темни очила за да не биде препознаена.“ – Фред Ален



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    „Има само една вистина. Се е лага. “ – Иван Мастев

Остави коментар