Одлични животни цитати од најголемите умови

Одлични животни цитати од најголемите умови

Некои цитати можат да ни помогнат да погледнеме подлабоко во себе и подобро да се разбереме, да нѐ инспирираат да постигнеме поголемо лично исполнување и да нѐ насочат кон остварувањето на нашите цели. Понекогаш во животот потребно е малку да застанете и да се запрашате до кај сте, што сте направиле досега и што следува понатаму. Доколку не сте онаму каде што сте се замислувале, не обесхрабрувајте се – има доволно време пред вас за сѐ. Имагинацијата, вербата во себе и упорноста, се само неколку работи кои можат да ви помогнат многу во животот. Прочитајте ги овие 10 цитати од големите умови, кои ќе ве инспирираат, но истовремено и ќе ви дадат интересни практични совети.

Ние знаеме што сме, но не и што можеме да бидеме.“ – Шекспир

Одлични животни цитати од најголемите умови

Шекспир, на прашањето што можеме да бидеме ни вели: „Можете да бидете сè“. Вие знаете кои сте моментално, но не секогаш знаете кои можете да бидете. Со доволно цврстина и решителност можете да постигнете сè што ќе си замислите. Размислувањето дека вашиот потенцијал нема граници, е одлична идеја според која може најдобро да се живее.

„Не е вистина дека не успеав. Јас само пронајдов 10.000 нешта кои не функционираат.“ – Томас Едисон

Овој инвентивен гениј ни овозможува да погледнеме на сосема различен начин на нашиот труд, кога изгледа како тој да не ни носи резултати. Упорноста во разочарувачките моменти, е клучот на успехот. Ако не го доживувате вашиот труд како залудно потрошен, туку само како нешто што „не профункционирало“ доволно добро во моментот, тоа може да ви помогне да продолжите напред, сѐ додека не најдете совршено решение на проблемот.

Мозокот е поширок од небото.“ – Емили Дикинсон

Одлични животни цитати од најголемите умови

Она што Емили пробува да ни го каже преку овој цитат е моќта на човечката имагинација. Во нашиот ум ние можеме да патуваме каде било на Земјата, па и подалеку, до самиот крај на универзумот. Нашиот мозок нема граници, поголемиот број од препреките низ животот си ги создаваме самите. Доколку успеете да се препуштите на вашата имагинација, побрзо ќе пристигнувате до решенијата на секојдневните проблеми.

„Големите духови честопати можат да им се спротивстават на насилните, просечни умови.“ – Алберт Ајнштајн

Често во нашиот живот сретнуваме луѓе кои пробуваат да нѐ исфрлат од нашиот пат и да го преземат нашето место со сила. Овој цитат од Ајнштајн нѐ потсетува да не се откажуваме при првата препрека на која ќе наидеме, без разлика колку невозможна ни изгледа за поминување. Доколку цврсто се придржувате до вашите верувања, ќе успеете да постигнете сѐ што сте си замислиле.

Создадени сме така, да можеме да извлекуваме интензивно задоволство кога им се спротивставуваме на нештата, а многу мало од самите нешта такви какви што се.“ – Сигмунд Фројд

Одлични животни цитати од најголемите умови

Овој цитат ни овозможува да погледнеме подлабоко во човечката желба за иновација. Монотонијата е досадна, а промените ни овозможуваат да се чувствуваме живи. Никогаш не плашете се да направите промена, бидејќи можеби токму тоа ви недостасува за да се чувствувате подобро.

Не постанувајте ништожен бележник на факти, обидете се да ја откриете мистеријата зад нивното настанување.“ – Иван Павлов

Психологот Павлов кој е и добитник на Нобелова награда, навистина успеал да ја открие мистеријата на човечкото однесување и овој цитат го доловува токму тоа. Без разлика дали сте научник или не, гледањето длабоко под површината на работите, е одличен совет за животот. Дури и сфаќањето на секојдневните „мистерии“ кои се случуваат околу вас, може многу да ви помогне во одржувањето на кондицијата на вашиот мозок.

Јас не сум обврзан да успеам, но сум обврзан да се издигнам до светлината која ја поседувам.“ – Абрахам Линколн

Одлични животни цитати од најголемите умови

Сите ние се стремиме да го постигнеме внатрешниот потенцијал кој го имаме, без разлика дали тоа ќе ни донесе позитивни резултати. „Светлината која ја поседуваме“ е нашата уникатна способност да станеме најдобри што можеме да бидеме. Секогаш верувајте во себе!

Најголемото откритие во мојата генерација е дека луѓето можат да си ги променат нивните животи доколку го променат нивниот начин на размислување.“ – Вилијам Џејмс

Сите ние можеме целосно да си го промениме животот, доколку почнеме на различен начин да ги интерпретираме настаните кои ни се случуваат. Доволно е да внесете малку повеќе оптимизам во вашиот живот и веќе сте тргнати на подобар и посреќен пат.

Многу учење не нѐ учи повеќе да разбираме.“ –  Хераклит

Одлични животни цитати од најголемите умови

Постојат многу начини на сфаќање и разбирање на светот и идејата на Хераклит е дека способноста да поминуваме добро во училиште или на факултет, не е единствената мерка за висока интелигенција. Понекогаш треба да се погледне и надвор од она што го пишува во учебниците, за да може да се разбере целосноста на предметот.

Мора да научиме да живееме заедно како браќа или да исчезнеме заедно како будали.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор

Надминувањето на вештачките граници кои создаваат поделби помеѓу слободно формираните групи, може да се случи доколку научиме да ги цениме разликите помеѓу луѓето со различна историја или перспектива. Мартин смета дека доколку поделбата се базира врз раса, пол, религија, години или други социјално дефинирани категории, тогаш воопшто не заслужуваме да живееме, бидејќи тоа само ќе нѐ кочи во животот. Потрудете се да ги елиминирате вашите предрасуди. Тие влијаат на мотивацијата и шансата за успех кај вас и кај луѓето околу вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар