Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

Фејсбук корисниците ширум светот веќе со години посакуваат една единствена работа што Марк Закерберг упорно одбиваше да им ја даде: Опција „дислајк“, односно „не ми се допаѓа“. Дискутабилно е дали воведувањето на оваа опција е добро или лошо и сигурно постојат поделени мислења на оваа тема.

Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

Некои веројатно сметаат дека постоењето на ваквата опција е непотребно, бидејќи луѓето на кои не им се допаѓаат вашите објави не мора воопшто да ги лајкуваат, па не мора тоа отворено да го покажуваат со „дислајк“. Оваа опција би можела да се одрази негативно на нечија самодоверба.

Од друга страна, пак, нормално е некои луѓе да не се согласуваат со вашето мислење или да не им се допаѓаат вашите објави. Опцијата „дислајк“ би можела да ја намали нарцисоидноста кај луѓето како и да ја искорени нивната навика да објавуваат сѐ и сешто на Фејсбук.

Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

Очигледно е дека некој од Фејсбук го дели второто мислење. Тоа значи дека сите хејтери можат да престанат да се жалат, бидејќи конечно ќе ја добијат одамна посакуваната опција „не ми се допаѓа“. Најголемиот гигант на социјалните мрежи ќе додаде и нови „реакции“ во Фејсбук Месинџер, односно следние емотикони: „heart-eyes“ (очи срциња), „lol“ (гласно смеење), „wow“ (воодушевување), „sad“ (тага), „angry“ (лутина), „thumbs-up“ (палец нагоре) и „thumbs-down“ (палец надолу). За сите оние кои сонувале дека еден ден ќе можат да реагираат на нечие мислење со „не ми се допаѓа“, несомнено е дека опцијата „дислајк“ ќе стане нивниот најдобар пријател.

Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

Сигурно се прашувате дали тоа значи дека ќе можете да ги „дислајкувате“ објавите што излегуваат на вашата почетна страна на Фејсбук. Одговорот е не. Целта на овој емотикон на Фејсбук Месинџер е да го изразите вашето несогласување или да дадете негативен одговор, а не да кажете дека не ви се допаѓа нечие мислење.

„Според Фејсбук, целта на оваа опција е да кажете „не“, а не „не ми се допаѓа“. Луѓето честопати го користат Месинџерот за планирање и координација, па Фејсбук сака да направи експеримент и да види дали оваа реакција ќе им помогне да се организираат на побрз и поедноставен начин. Токму затоа станува збор за „не“ опција, иако луѓето природно ќе ја доживеат како „не ми се допаѓа“ опција“, објаснил Џош Констин од TechCrunch.

(4) Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

Оваа опција моментално се тестира на одбрана група Фејсбук корисници. Ако тестирањето покаже дека е корисна, Фејсбук ќе ја спроведе оваа и кај останатите корисници.

„Ние секогаш се обидуваме да најдеме начин да го направиме искуството на Месинџер позабавно и покорисно. Ова е мал тест со кој ќе им овозможиме на луѓето преку порака да го споделат оној емотикон што најмногу ги отсликува нивните чувства“, откриле вработените во Фејсбук.

Мора да признаеме дека ова не е баш тоа што го очекувавме, но барем сме еден чекор поблиску до добивањето на опцијата „дислајк“.

Во продолжение прочитајте го и овој интересен текст за да дознаете зошто еден лајк вреди илјада зборови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар