Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Урбаните луѓе од 21-виот век имаат сѐ помалку и помалку време за спиење. Брзиот начин на живот предизвикува несакани последици како што се постојан умор, стрес и многу други. Токму затоа, една сала за вежбање во Велика Британија решила да започне со одржување часови по дремење.

Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Добро прочитавте! Денес, можете да платите за 15-минутни вежби за истегнување по кои следува 45-минутна дремка на идеална температура во просторија полна со непознати луѓе. Сето ова ќе ви се смета како одење во сала за вежбање!

Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Организаторите го нарекуваат ова „Nap-Ercise“ (Nap-Ercise) и тие тврдат дека часот „ќе ви го зајакне умот, ќе ви го подобри расположението, па дури и ќе ви ги согори непотребните калории“.

Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Ако сето ова ви звучи премногу апстрактно, треба да знаете дека постојат научни докази кои ја потврдуваат ефикасноста на оваа „вежба“. Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Пенсилванија, учесниците кои дремнувале по 45 минути сред бел ден многу подобро се справувале со стресни ситуации за разлика од оние кои не дремнувале. Друго истражување докажало дека попладневните дремки го зголемуваат мозочниот капацитет за учење.

Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Сега засега, овој час се одржува пробно и ако се покаже како успешен, теретаните во Велика Британија ќе го воведат часот по дремење како редовен.

Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Па, ако сте премногу уморни за одење во теретана, зошто да не дремнете наместо тоа?

Одлични вести: Отворена е сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе

Доколку сѐ уште не сте сигурни дали ова е добра идеја, погледнете го и следново видео кое ќе ви ги даде сите потребни информации…

Во продолжение прочитајте и зошто луѓето кои редовно дремнуваат имаат подобро расположение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар