Одберете слика и дознајте повеќе за периодот што ви претстои

Одберете слика и дознајте повеќе за периодот што ви претстои

Постојат разни начини да дознаете нешто повеќе за себе без многу размислување и анализирање. Еден од тие начини е следниов брз и едноставен тест каде што треба да одберете една од 6-те приложени слики. Одберете ја онаа што најмногу ве привлекува и дознајте што ќе ви се случува во блиска иднина…

Одберете слика и дознајте повеќе за периодот што ви претстои

1. Зелено дрво

2. Дрво осветлено со сончеви зраци

3. Долговечно дрво

4. Есенско дрво

5. Зимско дрво

6. Расцутено дрво

Го одбравте вашето омилено дрво? Во тој случај, подготвени сте да ги дознаете резултатите од овој тест на личноста…

1. Зелено дрво

Ако сте го одбрале ова дрво, вие сте подготвени за големите промени кои ви претстојат. Фокусирајте се на она што сакате да го остварите и дружете се со луѓето кои имаат слични интереси на вашите. Ви следува период во кој ќе мора да донесете некои важни животни одлуки, па затоа немојте да се колебате, туку полека тргнете во акција.

2. Дрво осветлено со сончеви зраци

Доколку го одбравте ова дрво, вие сте остроумни и весели. Вашиот оптимизам и ентузијазам ги привлекуваат другите луѓе. Вие умеете во секоја ситуација да ја пронајдете светлата страна. Благодарение на ваквиот поглед кон животот, лесно ќе ги совладате проблемите што наскоро ќе се појават. Останете позитивни и никогаш не заборавајте дека по дождот доаѓа сонце.

3. Долговечно дрво

Вие верувате во вредностите што се постојани и вечни. Не постои ништо на светот што може да ве поколеба. Вашите корени се силни и длабоки. Стоите цврсто на земјата и другите ве користат како нивна потпора. Ви претстои период во кој ќе им ја покажете вашата сила на луѓето кои сѐ уште не ве познаваат доволно.

4. Есенско дрво

Ако го одбравте ова дрво, вие минувате низ фаза во која мора да се ослободите од минатото. Еден дел од вашиот живот завршил и време е да се помирите со тоа. Некое време ќе тагувате поради минливоста на нештата, повлечено и тивко, далеку од сите.

5. Зимско дрво

Ако го одбравте ова дрво, тоа значи дека ги сумирате досегашните резултати и свесни сте дека наскоро ќе следуваат промени што ќе ве извлечат од монотонијата во која сте потонале. Размислете добро за сѐ, смирено и без брзање и потоа направете нови планови за иднината.

6. Расцутено дрво

Вие сте во потрага по нови работи кои ќе ве восхитат и ќе ве направат среќни. Весели сте и позитивни и имате чувство дека ви претстои многу возбудлив период. Сосема сте во право! Наскоро ќе се разбудат сите ваши таленти и можности, а можно е и да се вљубите повторно!

Доколку ви се допадна овој тест, изберете дрво и дознајте што тоа открива за вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар