Одберете метла и дознајте каква вештерка сте - Part 2

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

6. Вештерка со челичен карактер

Лесно можете да ги препознаете лагите и измамите во врската. Секогаш знаете како да ги искажете и одбраните вашите ставови и принципи. За жал, не можете да ја поднесете супериорноста на другите вештерки и вештери, па затоа понекогаш ви се случува да бидете груби и остри.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

7. Вештерка пионер

Се разликувате од другите вештерки по многуте интереси што ги имате. Лесно се прилагодувате на нови услови и без проблем ги прифаќате животните промени. Вие сте вештерки кои нема да го чекаат вистинскиот момент. Самите ги решавате сите важни проблеми и не се плашите да бидете првите што пробале да подготват нова напивка.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

8. Вештерка сонувач

Вие сте многу поетични и замислени. Имате остварено цврсти врски со другите вештерки. Знаете како да ги прочитате луѓето и можете да сочувствувате со нив. Внимавате на изгледот и облеката, па затоа понекогаш трошите премногу пари и не можете да заштедите.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

9. Вештерка интроверт

Знаете да уживате во обичниот живот и не ви пречи да ги извршувате секојдневните рутински обврски, како што се чистење котли, миење садови и подготвување напивки. Немате потреба да се согласувате со другите волшебници. Сакате да им помагате на другите и да немате грижа на совест. Поголемиот дел од времето претпочитате да го поминувате сами. Сакате да побегнете во природата каде што ќе можете да се изгубите во вашите мисли и да уживате во сопственото друштво, без никој да ви пречи.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

10. Вештерка патник

Не можете да ја поднесете рутината, па затоа многу често го менувате работното место. Честопати ја земате метлата и одлетувате на некои непознати места. Ве интересираат другите волшебници затоа што сакате да споделувате искуства.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

Доколку ви се допадна овој интересен и необичен тест, изберете врата која води кон среќата и дознајте што ви подготвила судбината.

1-izberete-vrata-koja-vodi-kon-srekjata-i-doznajte-shto-vi-podgotvila-sudbinata-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар