Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

Сите жени кријат волшебна моќ во себе. Некои тврдоглаво го негираат ова и ја кријат метлата во шпајз, додека на други не им пречи да се фалат со нивните магични вештини. Време е да ги разбудите вашите вештерски моќи! Одберете метла и дознајте каква волшебна дарба поседувате…

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

1. Вештерка претприемач

Вие знаете да ги препознаете вашите способности. Не ви пречи да пробувате нови работи и да почнувате од почеток. Честопати ја користите вашата интуиција на работното место и тоа ви помага да ги одбегнете ризиците и загубите. Активно го поминувате вашето слободно време. Динамичните спортови и летови со метла не ви се непознати и едвај чекате да дојде петок за да излезете со пријателите.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

2. Вештерка лидер

Имате експресивно лице и магични говорни вештини. Најверојатно, другите забележале дека можете да предвидувате одредени настани и однапред да се подготвите за нив. Многу сте интелигентни и лесно можете да ги „фатите“ недоследностите во туѓите зборови и емоции.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

3. Моќна вештерка

Можете да им влијаете на луѓето преку создавање емоционален притисок, а притоа да ги задржите добрите односи со нив. Покрај силните лидерски способности, вие сте волшебнички кои честопати ги жртвуваат своите интереси за доброто на другите.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

4. Вештерка перфекционист

Знаете каде се сите метли и котли во домот. Сакате сѐ да е беспрекорно и очекувате од другите да го одржуваат редот. Доколку треба да направите напивка или да организирате важен вештерски собир, не постои сомнеж дека одлично ќе си ја завршите работата. Другите вештерки ви се восхитуваат и многу ве почитуваат.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

5. Вештерка ментор

Суптилно ги набљудувате другите луѓе. Довербата ви е најважниот критериум што треба да постои во врската. Никогаш не би им простиле на неверните волшебници. Исто така, универзумот ви има дадено дарба да бидете учителки и менторки. Сакате да работите со млади волшебници кои ве сметаат за нивни идоли.

Одберете метла и дознајте каква вештерка сте

Продолжува на следната страница

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар